„Нордвинд ерлајнс“ од 21 мај ќе лета меѓу Скопје и Москва

-

Руската чартер авиокомпанија „Нордвинд ерлајнс“ на 21 мај ќе започне со летови меѓу Скопје и Москва. Летовите ќе се одржуваат еднаш неделно, секој петок, соопштија од авиокомпанијата. Воздухопловната врска ќе се воспостави со московскиот аеродром „Шереметјево“, а авиокомпанијата на оваа линија ќе користи авион од типот „Боинг 737-800“ со 189 седишта. На веб-страницата на авиокомпанијата веќе можат да се набават авиобилети, а почетокот на летовите денеска го најави и Руската амбасада во Скопје.

Авиокомпанијата „Нордвинд ерлајнс“ првенствено одржува воздухопловен сообраќај меѓу руските градови и познатите туристички места низ светот. Најголем број од воспоставените авио линии се од сезонски карактер и имаат за цел да ги превезат туристите до нивните омилени дестинации за одмор.

Од Агенцијата за цивилно воздухопловство на нашата земја неодамна изјавија дека и друга руска авиокомпанија е заинтересирана да воспостави авиолетови меѓу Скопје и Москва.

Интересот за посета на руските граѓани на нашата земја се очекува да се зголеми во претстојниот период, а на веб-страницата на Руската амбасада во Скопје се наведува дека Владата на РСМ еднострано одлучила да го продолжи безвизниот режим за руските граѓани за влез во нашата земја до 15 март 2022 година.

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од членот 131...

Повторно провалено во домот на убиената пратеничка од Минесота, Мелиса Хортман

Во домот на убиената пратеничка на сојузната држава Минесота, Мелиса Хортман, е пријавено уште една провалување, соопшти локалната полиција, а пренесе Еј-Би-Си њуз. Откако таа и нејзиниот сопруг, Марк, беа застрелани во...

„Никој не знае“: Трамп не открива дали ќе го нападне Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп не сакаше да открие дали донел одлука да нареди напад на САД врз Иран, потег кој Техеран повторно предупреди дека ќе наиде на жесток одговор, пишува Асошиејтед...

Изложбата „Професори и студенти“ во МКЦ ја покажува разновидноста на современата ликовна уметност

Во вторник вечерта во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје беше отворено третото издание на групната изложба „Професори и студенти“. Изложбата е отворена од 17 до 30 јуни и прикажува дела од...

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од...