Од денеска нови летови од Охрид кон Лондон и Манчестер

Во првите четири месеци од годинава во земјава е забележан раст на бројот на патници за 44 отсто во споредба со истиот период лани

-

Охрид од денеска авионски се поврзува со две нови дестинации. На охридскиот аеродром утрово слета првиот авион со туристи од Манчестер, Велика Британија, а подоцна и вториот авион од аеродромот Гетвик во Лондон.

Воведувањето на двете нови сезонски авиолинии од и кон охридскиот аеродром беше одбележано со воден мост и свечен пречек на туристите.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски рече дека новите линии значително ќе придонесат кон развој на авиосообраќајот во регионот.

„Убеден сум дека овие нови дестинации значително ќе придонесат за развој на целиот регион, развој на авиосообраќајот, бидејќи нови авиолинии значат зголемен број на туристи, а тоа е значаен чекор кон обезбедување економски и туристички развој. Ова е само уште една потврда на заедничките заложби на Владата и на ТАВ да ги развиваме капацитетите на двата наши аеродроми, притоа да создаваме услови за нови авиолинии и генерално да го развиеме авиосообраќајот во земјата“, истакна Бочварски.

Тој информираше дека во првите четири месеци од годинава во земјава е забележан раст на бројот на патници за 44 отсто во споредба со истиот период лани и раст од 11 отсто во споредба со 2019 година, која беше најдобра година со најмногу превезени патници.

Конкретно, за охридскиот аеродром Св. Апостол Павле, е забележан раст на бројот на патници од над 30 отсто во споредба со минатата година.

Оваа сабота ќе се одржи вториот маалски бувљак во Железара во дворот на „Комбо“

Вториот „Маалски бувљак“ во организација на „Јуроп хаус – Скопје“ ќе се случи на 26 април (сабота) со почеток во 12 часот во дворот на „Комбо“ – здружение за креативна одржливост...

Првата антикорупционерка Димитровска осомничена во предметот „Адитив“

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Татјана Димитровска, попладнево е повикана и однесена во Кривичниот суд, потврдија од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Оттаму...

Француската агенција за развој на медиумите објави конкурс за креирање постер за борба против дезинформациите во Западен Балкан

Како дел од проектот „Balkan Voices 2“ и „Shared Horizons“, Француската агенција за развој на медиумите (CFI) објави конкурс за креирање на постер, кој што ќе служи како регионална иницијатива чија...

Завршен настан на ХЕРА: Родовата еднаквост е реалност не само цел

Под мотото „Ти и јас во еден глас: Родовата еднаквост – наша заедничка мисија“, денес во Скопје, се одржа завршниот настан на проектот „Заедно за родова еднаквост: Градење поддршка за родово...

Оваа сабота ќе се одржи вториот маалски бувљак во Железара во дворот на „Комбо“

Вториот „Маалски бувљак“ во организација на „Јуроп хаус – Скопје“ ќе се случи на 26 април (сабота) со почеток во 12 часот во дворот на „Комбо“ – здружение за...