!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Антисемитски и антикомунистички графити на советски споменик во Пловдив


Пловдив, 13 ноември, 2017 - 11:53 (META) 

Со графити со кукасти крстови, со антисемитски пораки „Убиј го Евреинот“ и „Комунизам – Еврејство“, како и навреди за Марија Захарова, министерката за надорешни работи, во петокот осамна споменикот „Аљоша“, познат како „Советскиот споменик“ во бугарскиот град Пловдив.

Иако по неколку часа графитите се избришани, настанот крена бура во социјалните медиуми. Со различни реакции се огласија повеќе истакнати фигури во Бугарија, а реагираше и внукот на поетот Венко Марковски, Вени Марковски, кој ги критикуваше реакциите во кои не се осудува антисемитизмот.

Вени Марковски е потпретседател на ИКАН, меѓународното тело за регулирање на интернетот.


Обама: Антисемитизмот е во пораст


Вашингтон, 28 јануари, 2016 - 12:23 (META) 

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека не може да негира дека антисемитизмот е во пораст, истакнувајќи дека нападот на една вера е напад на сите вери.

Сите нации, кои ја почитуваат толеранцијата, мора да се огласат кога Евреите и другите припадници на верските малцинства се нападнати, изјави синоќа Обама во израелската амбасада во Вашингтон.

Обама е прв американки претседател што одржал говор во израелската амбасада.

– Мораме да се соочиме со реалноста дека во светот антисемитизмот е во пораст. Тоа не можеме да го негираме – рече Обама, додавајќи дека холокаустот е злостор без паралела во историјата.

На приемот во амбасадата бил и режисерот Стивен Спилберг, автор на филмот „Шиндлерова листа“, кој е награден со „Оскар“.

Обама во оваа пригода, постхумно им оддал почит на четири лица што го жртвувале својот живот за да ги заштитат Евреите од холокаустот.