fbpx

Меркел го осуди порастот на антисемитизмот во Германија

-

Германската канцеларка, Ангела Меркле денеска, по повод одбележувањето на Маѓународниот ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот, го осуди „оживувањето“ на антисемитизмот во Германија и ја оцени како срамна неопходноста еврејските објекти и понатаму да ги штити полицијата.

– Повеќе од кога и да било е потребно да се сеќаваме на милионите жртви на Холокаустот, бидејќи антисемитизмот, расизмот и омразата кон другите се поактуелни денесе отколку што тоа беше случај во минатото…Срамно е ниту еден еврејски објект да не може да постои без полициска заштита, без обзир дали станува збор за училиште, детски парк или синагога – рече Меркел, јавуваат светските агенции.

Германската канцеларка повторно ја истакна нејзината заложба за формирање на функцијата полициски комесар против антисемитизам во наредбата влада.

Германските власти се загрижени поради порастот на антисемитизмот во круговите на екстремната десница, но и кај дел од муслиманските мигранти кои шират омраза кон Евреите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изброени половина од гласовите: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

Водство на претстедателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, покажуваат првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК). Според извештаите, од обработени 59,61 отсто од гласачките места, таа има...