fbpx

Судењето за „Триста“ ќе продолжи на 19 февруари со нов судија

-

Денешното рочиште од судскиот процес за случајот „Триста“ на Специјалното јавно обвинителство, во кој обвинет е поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски, се одложи за 19 февруари бидејќи поради новиот распоред на претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев ќе се менува судијата и членовите на советот што го водат предметот.

Судијката Лидија Петровска, која досега го водеше предметот со новиот распоред на Џолев од случаи од организиран криминал ќе суди прекршоци.

Инаку, на денешното рочиште присуствувал и вештакот кој на барање на СЈО требаше да оцени дали Поповски може да го следи судењето, откако неговите адвокати на претходното рочиште рекоа дека тој страда од депресија и поради лекарствата кои ги прима не е во состојба да ја следи главната расправа.

Вештакот денеска изјавил дека обвинетиот може да го следи рочиштето, но, и покрај тоа судот решил тоа да се одложи оти е нецелисходно да се продолжи со судењето кога и онака случајот треба да го преземе друг судија.

Поповски, кој е единствен обвинет во случајот „Триста“, се товари за набавка на 300 возила за МВР, со која бил оштетен буџетот за 453.570 евра, бидејќи тендерот за купување, сервисирање и за одржување на возилата им го доделил на компании што не дале најевтина понуда.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...