недела, 16 ноември, 2025
Meta.mk

Ознака: одложено | 67 резултати

Одложено судењето за „Титаник“

2 мај 2018

Во Основен суд Скопје 1 денеска повторно се одложи рочиштето за предметот „Титаник“ и следното рочиште е закажано за 9 мај. Судијата Осман Шабани пред сите обвинети соопшти дека денешното рочиште се одлага затоа што Врховниот и Апелацискиот суд се уште не ги доставиле одговорите на барањето за изземање на в.д. претседателот на Апелацискиот суд […]

Одложено судењето за „Тотал“, поради отсуство на Драган Павловиќ – Латас

11 април 2018

Главната расправа за предметот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), наречен „Тотал“, во кој главниот обвинет е уредникот Драган Павловиќ-Латас, кој се товари за затајување данок, денеска беше одложена. На рочиштето во Основен суд Скопје 1, не се појави Латас, со оправдание дека има здравствени и семејни причини. Рочиштето е одложено за 14 мај. И претходните […]

Судењето за „Топлик“ одложено поради болест на еден од обвинетите

8 март 2018

Кривичниот суд денеска го одложи судењето за случајот на СЈО „Топлик“ поради отсуство на обвинетиот Димитар Димовски. Адвокатот на обвинетиот Димовски до судот достави медицинска документација и нагласи дека утрово неговиот клиент поради нарушена здравствена состојба завршил во болница. Судијата Осман Шабани истакна дека во медицинската документација која е доставена до судот стои дека обвинетиот […]

Рочиштето за „Шпион“ одложено за 19 април

5 март 2018

Рочиштето за предметот „Шпион“ на Специјалното јавно обвинителство е одложено за 19 април, поради оправдано отсуство на Туше Гошев, еден од адвокатите на обвинетите. Минатото рочиште исто така беше одложено поради отсуство на докази од предметот, кои биле на разгледување во друг суд, на еден од обвинетите и двајца адвокати. Инаку, предметот „Шпион“ сега го […]

Судењето за „Тортура“ одложено за 23 март, се чека одлуката на Апелација за Мијалков

28 февруари 2018

Првото рочиште од судскиот процес за случајот „Тортура“ на Специјалното јавно обвинителство, кое требаше да се одржи денеска е одложено, бидејќи како што соопшти судијката Александра Ристеска, Апелацискиот суд сè уште не донел одлука по жалбата на СЈО дали и на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков ќе му се суди за апсењето на лидерот […]

Судењето за „Поткуп“ одложено за 6 март

26 февруари 2018

По барање на одбраната, судењето за предметот „Поткуп“ во кој е обвинет премиерот Зоран Заев е одложено за 6 март. Минатото рочиште, пак, беше одложено на барање на јавен обвинител кој го известил новиот судија во предметот Дарко Тодоровски дека не може да присуствува на судењето. Заев во случајот „Поткуп“ е обвинет дека како градоначалник […]

Судењето за „Труст“ одложено за 20 февруари, се разболе адвокатката на Авировиќ

13 февруари 2018

Денешното рочиште од судскиот процес за случајот „Труст“, во кој првообвинет е бизнисменот Сеад Кочан се одложи, бидејќи во Кривичниот суд не се појави адвокатката Сања Алексиќ, која го брани второобвинетиот Василије Авировиќ. Причина за денешното отсуство е тоа што адвокатката се разболела, а за тоа ја известила и судијката, која следното рочиште го закажа […]

Судењето за „Монструм“ одложено за 14 март, останува обвинението за „тероризам“

12 февруари 2018

Обвинителот на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Наум Пановски, на почетокот на новиот судски процес за петкратното убиство кај Смиљковското езеро, истакна оти останува на првичниот обвинителен акт од пред пет години, односно дека шестмината обвинети сториле кривично дело тероризам. Сепак, денешното рочиште за случајот „Монструм“ се одложи за 14 март, […]

Судењето за „Тотал“ одложено за 30 март, Латас не дојде во Кривичен

9 февруари 2018

Новинарот и уредник на „Сител“, Драган Павловиќ – Латас кој е обвинет за даночно затајување во случајот „Тотал“ на СЈО, не дојде на денешното судско рочиште, поради што судијката Славица Наумова – Јосифовска, поради немање услови, главната расправа ја одложи за 30 март. Одбраната на Павловиќ информираше дека тој не можел да дојде на рочиштето […]

Судењето на Мијалков и Јанкулоска за „Тврдина – Таргет“ е одложено за 27 март

17 јануари 2018

Судењето за случајот на СЈО „Тврдина – Таргет“ се одложи за 27 март затоа што новиот судскиот совет со кој претседава судијката Џенета Бегтовиќ, согласно новиот план за работа на претседателот на Судот Иван Џолев, му е потребно време за да го проучи предметот кој, како што кажа судијката, има обемен доказен материјал. Дополнително, како […]

Судењето за „Триста“ ќе продолжи на 19 февруари со нов судија

28 декември 2017

Денешното рочиште од судскиот процес за случајот „Триста“ на Специјалното јавно обвинителство, во кој обвинет е поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски, се одложи за 19 февруари бидејќи поради новиот распоред на претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев ќе се менува судијата и членовите на советот што го водат предметот. Судијката Лидија Петровска, која досега […]

Одложено судењето на Заев за „Поткуп“, се чека одлука на Апелација за снимките

25 декември 2017

Денешното рочиште од судењето за случајот „Поткуп“ во кој обвинет е премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев се одложи за 29 јаниуари, следната година, бидејќи предметот е во Апелацискиот суд Скопје кој треба да одлужува по жалбата на Заев околу користењето на посебните истражни мерки (ПИМ) како доказ во судската постапка. Одбраната на Заев […]

Судењето за „Топлик“ одложено заради рочиштето за „Труст“

21 декември 2017

Судењето за „Топлик“ на Специјалното јавно обвинителство е одложено за 30 јануари следната година затоа што адвокатите на осомничениот Миле Јанакиески се ангажирани за случајот „Труст“. Судијката Татијана Михајлова, по дебатата меѓу одбраната и обвинителите околу термините за судењето, реши денешното рочиште да го презакаже за 30 јануари. Истрагата „Топлик“ се однесува на изградбата на […]

Расправата за нов јавен обвинител заврши, гласањето идниот петок

15 декември 2017

Собранието денеска ја заврши расправата за именувањето на нов државен јавен обвинител, но не гласаше за изборот на Љубомир Јовески за оваа функција. Претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери гласањето го одложи за следната недела, односно, како што рече, тоа ќе биде пред почетокот на седницата за буџетот за 2018 година, закажана за следниот петок. […]

Судењето за „Триста“ повторно одложено, Поповски отворил боледување

21 ноември 2017

Поради отсуство на обвинетиот Ѓоко Поповски, поранешен помошник-министер во Министерството за внатрешни работи, во Основниот суд Скопје 1 денеска повторно беше одложено рочиштето за предметот „Триста“ на СЈО, за набавката на 300 возила за МВР, со која буџетот бил оштетен за 453.570 евра. Рочиштето беше одложено откако одбраната на Поповски достави медицинска документација дека обвинетиот е […]

Судењето за „Транспортер“ ќе паузира – Џими мора да оди на тезга во Австралија

6 ноември 2017

Почетокот на главната расправа од судскиот процес за случајот „Транспортер“, во кој првообвинет е поранешниот градоначалника на Битола, Владимир Талески, денеска повторно се одложи бидејќи на рочиштето не дојде обвинетата Анита Ангеловска, која била на боледување. Ова е второ одложување на судењето, откако на претходното рочиште на 28 септември не дојде друга обвинета, поради сообраќајка […]

Пресудата за „Диво Насеље“ одложена за почетокот на следниот месец

13 октомври 2017

Поради презафатеноста на МВР со обезбедување на локалните избори, изрекувањето на пресудата за случајот „Диво Насеље“ е одложено за 2 ноември, соопшти Основен суд Скопје 1 на својата веб-страница. Судот вели дека поради големиот број полициски службеници ангажирани за обезбедување на локалните избори и за обезбедување на делегации од странство во Република Македонија, судското рочиште […]

Пучдемон ја потпиша декларацијата за независност на Каталонија, Мадрид најави одговор

11 октомври 2017

Претседателот на каталонската регионална влада, Карлес Пучдемон, доцна синоќа ја потпиша декларацијата за прогласување на независност на Каталонија, но го одложи нејзиното стапување на сила. „Ја создаваме Република Каталонија како независна, суверена, правна, демократска и социјална држава“, се наведува во текстот на декларацијата. Претставник на каталонската влада, по потпишувањето на декларацијата, изјави дека Пучдемон го одложува […]

Рочиштето за „Сопот“ повторно одложено, следното закажано на 18 октомври

9 октомври 2017

Денешното рочиште од судењето за случајот „Сопот“ беше одложено, а следното судот го закажа за 18 октомври. Денешното рочиште беше одложено на барање на одбраната на десеттемина обвинети поради промена на судиите во кривичниот совет и поради тоа што обвинението за случајот сега го застапува Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Обвинителот на СЈО, Бурим Рустеми, се согласи […]

Почна судењето за „Транспортер“, Талески тврди дека не работел криминално

28 септември 2017

„Постапката ќе ја истераме докрај и ќе докажеме дека во нашето работење нема криминал. Ако сме грешеле ние, тогаш грешеле сите општини во Македонија“, изјави градоначалникот на Битола, Владимир Талески, по денешното прво рочиште за случајот на СЈО, „Транспортер“, кое беше одложено бидејќи во судницата не беа присутни сите обвинети. Како што соопшти одбраната, обвинетата Јасмина […]

Страна 1 од 4