fbpx

Столтенберг се довезе кај Заев со „она на М“

-

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на средбата со премиерот Зоран Заев во Владата пристигна со „мерцедесот“ од 600 илјади евра за чија набавка на крајот на месецов на обвинителна клупа треба да седнат поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Столтенберг е последниот од високите странски функционери кои за време на нивните посети на Скопје се возеа во владиниот „мерцедес“ со регистарски таблички СК 2936 АЦ (SK 2936 AC).

Од високите гости од странство, прв во „мерцедесот“ седна поранешниот генерален секретар на ОН, Бан Ки-мун, за време на неговата посета во јули 2012 година, а во „она на М“ како што го нарекуваше Груевски во „31.бомба“ што СДСМ ја објави во 2015 година, се возеше и премиерот на Бугарија, Бојко Борисов за време на неговата посета на 1 август, минатата година, кога беше потпишан Договорот за добрососедство.

Специјалното јавно обвинителство пред точно една година ја отвори истражната постапка „Тенк“, а на 29 јуни, лани подигна и обвинение, во кое Јанкулоска се товари дека ја злоупотребила службената положба и овластување во периодот од февруари до октомври 2012 година „за да ја исполнат желбата на тогашниот премиер“ Никола Груевски за набавка на „специјално возило“.

Премиерот Зоран Заев лани, при гостување на Македонската радио-телевизија, кажа дека овој „мерцедес“ е оштетен од мачки и дека ќе се користи за превезување на странски делегации.

На 19 декември Владата соопшти дека „мерцедесот“ од МВР преминал во сопственост на Службата за општи и заеднички работи и дека почнала постапката за негово отуѓување и замена за болничка опрема.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...