недела, 7 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: Мерцедес | 47 резултати

Груевски наскоро ќе добие упат за затвор, пресудата од Апелација стаса во Кривичен суд

19 октомври 2018

Основен суд Скопје 1, познат како Кривичен суд, денеска соопшти дека ја добиле второстепената пресуда од Апелациски суд Скопје за случајот „Тенк“, односно за набавката на „мерцедесот“ вреден речиси 600.000 евра. Од судот велат дека пресудата од Апелација ќе биде распределена на понатамошно постапување кај судија за извршување санкции кој во следниот период треба да […]

Јанкулоска, покрај 6-те години затвор доби и забрана за напуштање на Скопје

8 октомври 2018

Судечкиот совет го прифати предлогот на СЈО и определи на Гордана Јанкулоска мерка на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето и престојувалиштето до извршување на казната од шест години затвор што денеска и беше изречена за набавката на луксузниот „мерцедес С600“, за кој Специјалното јавно обвинителство поведе обвинение познато како „Тенк“. Јанкулоска е прогласена за виновна за злоупотреба […]

Јанкулоска осудена на 6 години затвор за набавка на „мерцедесот“

8 октомври 2018

Судијката Добрила Кацарска и досуди шест години затворска казна на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска во случајот „Тенк“ на СЈО за набавка на луксузниот „мерцедес“ од речиси 600.000 евра. Судијката Кацарска рече дека обвинетата Јанкулоска е виновна за злоупотреба на службена должност и овластување. -Неспорно е дека е набавено патничко моторно возило „мерцедес […]

Денеска пресуда за Јанкулоска за набавката на „мерцедесот“

8 октомври 2018

Во Основен суд Скопје 1, според најавеното, денеска треба да се изрече пресудата за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во судењето за случајот „Тенк“, кој го води Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Станува збор за одвоено судење, кое почна поради нејзината бременост. Претходно таа беше дел од главната постапка во случајот за блиндираниот мерцедес […]

Груевски по одлуката на Апелација: Нема да гласам за уставни промени

5 октомври 2018

Казната затвор е политички прогон, изјави експремиерот Никола Груевски по соопштувањето на одлуката на Апелациониот суд со која му се потврдува двегодишната затворска казна за случајот ,,Тенк” на СЈО за набавка на мерцедесот од 600.000 евра. – Ова е класичен политички прогон. Ќе ги искористам сите правни лекови кои ми стојат на располагање. Овде нема […]

Апелација ја потврди казната од 2 години затвор за Груевски за „мерцедесот“

5 октомври 2018

Скопскиот Апелациски суд на својот веб-сајт денеска ја објави одлуката со која се отфрлаат жалбите на Никола Груевски за неговата двегодишна затворска казна за случајот „Тенк“, за набавката на скапиот луксузен „мерцедес“ вреден речиси 600.000 евра. „Жалбите на обвинетиот Н.Г. од С. изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда […]

СЈО побара Јанкулоска да биде прогласена за виновна

3 октомври 2018

Обвинителите од Специјалното јавно обвинителство на крајот од своето изнесување на завршните зборови за случајот „Тенк“ побараа обвинетата Гордана Јанкулоска да биде прогласена за виновна со оглед на тоа дека извршила злоупотреба на службената положба за набавка на екстралуксузниот автомобил „мерцедес“. „Обвинетата Гордана Јанкулоска при набавката на возилото ‘мерцедес ес 600 гард’ била свесна за […]

Одбиено барањето за изземање на Јанева, седницата во Апелација продолжи

5 септември 2018

Барањето на адвокатите на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски за изземање на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева е одбиено како недозволено, по што не постојат пречки за продолжување на седницата за жалбата на првостепената пресуда за Груевски и Ѓоко Поповски за предметот „Тенк“. На седницата не присуствуваат Груевски, како и неговите бранители Димитар […]

Груевски денеска не се појави на суд, адвокатите бараат изземање на Јанева

5 септември 2018

Адвокатите на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски побараа изземање на обвинителката Катица Јанева на денешното продолжение на јавната седница во Апелациониот суд, за жалбата за затворските казни за Груевски и Ѓоко Поповски во предметот „Тенк.“ По ова барање, беше дадена пауза, за Судскиот совет да реши како ќе продолжи седницата. Груевски вчера […]

Се одложи јавната расправа во Апелација за затворската казна за Груевски

30 август 2018

Во Апелацискиот суд во Скопје денеска на самиот почеток беше одложена јавната седница на која се разгледува жалбата на поранешниот премиер Никола Груевски за пресудата во случајот „Тенк“ на СЈО за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден речиси 600.000 евра, со која тој доби двегодишна затворска казна. Одложувањето беше поради отсуството на Груевски и неговите четворица […]

Судењето на Јанкулоска за блиндираниот мерцедес продолжува утре

29 август 2018

Раздвоената судска постапка против поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, за предметот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден околу 580.000 евра продолжува утре со сослушување на сведоци. Таа беше издвоена од почнатиот судски процес поради нејзината ризична бременост. Пролетва за набавката на блиндираниот автомобил поранешниот помошник министер во МВР […]

Груевски доби две години казна затвор за луксузниот „мерцедес“

23 мај 2018

Кривичниот суд го осуди на две години казна затвор поранешниот премиер и поранешен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во судскиот процес „Тенк“, за набавката на луксузниот блиндиран „мерцедес“ од 35 милиони и 266 илјади денари, односно 575.000 евра. Груевски, кој не се појави во судница да ја слушне пресудата, беше обвинет за „примање награда за […]

Десетина лица на протест пред Кривичен суд ја чекаат пресудата за Груевски во „Тенк“

23 мај 2018

Околу триесетина лица се собрани на протест пред Кривичниот суд во Скопје исчекувајќи ја судската пресуда за поранешниот премиер и екс лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство. Помеѓу присутните се и поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски и поранешниот градоначалник на општина Аеродром, Ивица Коневски. Полицијата уште синоќа го […]

Завршни зборови за „Тенк“, продолжуваат судењата за „Тендери“ и „Тотал“

14 мај 2018

Во Основниот суд Скопје 1 денеска ќе се одржат три судски рочишта за случаите на Специјалното јавно обвинителство, од кои за еден ќе се изнесуваат завршните зборови. Во судењето за случајот „Тенк“, во кој, за набавката на прескапиот блиндиран „мерцедес“ вреден близу 600.000 евра, на поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот помошник министер во МВР […]

Урко се појави во судот да сведочи во случајот „Тенк“

25 април 2018

Поранешниот шеф на обезбедувањето на Никола Груевски, Дејан Митровски Урко, утрово пристигна во новиот Кривичен суд во Скопје каде треба да сведочи за набавката на „мерцедесот“. Тој требаше да се појави и на претходното рочиште. Тогаш судијката им посочи на адвокатите на Груевски да го побараат телефонски да дојде, но тие не успеаа да стапат […]

Дејан Митревски – Урко ќе сведочи на рочиштето за „Тенк“

23 април 2018

Во Основниот суд Скопје 1 заденеска е закажано ново рочиште за предметот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) наречен „Тенк“. Тој се однесува на набавката на луксузниот мерцедес вреден близу 600.000 евра. Пред Судот денеска исказ треба да дадат нови сведоци, меѓу кои и шефот на обезбедувањето на поранешниот премиер Никола Груевски, Дејан Митревски – Урко. […]

Груевски: Можеби следната истрага на СЈО ќе биде затоа што некаде сум ручал, па сум платил

21 март 2018

Првата отворена истрага е за попис и нема да ме изненади ако следната отворена истрага биде затоа што некаде сум ручал, па сме станале на сред ручек и сме му направиле штета на Буџетот со тоа што сме го платиле целото јадење, вели Никола Груевски, коментирајќи го отворањето на три нови случаи на Специјалното јавно […]

Груевски повторно на суд – денеска рочиште за блиндираниот „мерцедес“

21 март 2018

Во Основен суд Скопје 1, познат како Кривичен суд, денеска со почеток во 10.30 часот ќе се одржи ново рочиште за случајот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) „Тенк“, односно за набавката на блиндираниот „мерцедес“ вреден повеќе од 550.000 евра. Обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник-министер […]

Формиран Советот за правосудство, „она на М“ засега не се продава, од догодина нема Кембриџ

6 март 2018

Владата го формираше Советот за следење на имплементација на стратегијата во правосудството 2017-2022, со кој ќе претседава премиерот Зоран Заев. На денешната седница е утврден и составот на Советот. Во него ќе членуваат министерот за правда Биљен Саљији, неговиот заменик Оливер Ристовски, Јавниот обинител Љубомир Јовевски, претставник од Врховен суд, Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, […]

Заинтересираните за купување на „мерцедесот“ од „бомбите“, може да го разгледаат на 7 март

28 февруари 2018

Сите кои се заинтересирани да го купат „мерцедесот“ С600 кој е во сопственост на државата, можат да го разгледаат на 7 март (среда) од 10 до 15 часот во гаражата на Македонска радио-телевизија, информираа денеска од Службата за општи и заеднички работи на Владата. Почетната проценета вредност на овој автомобил, попознат како „она на М“ […]

Страна 1 од 3