Јанкулоска осудена на 6 години затвор за набавка на „мерцедесот“

-

Судијката Добрила Кацарска и досуди шест години затворска казна на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска во случајот „Тенк“ на СЈО за набавка на луксузниот „мерцедес“ од речиси 600.000 евра.

Судијката Кацарска рече дека обвинетата Јанкулоска е виновна за злоупотреба на службена должност и овластување.

-Неспорно е дека е набавено патничко моторно возило „мерцедес гард“. Обвинетата Јанкулоска знаела дека се работи за исклучително скапо возило, а заедно со Ѓоко Поповски преземале дејствија за да му ја исполнат желбата на сега осудениот Никола Груевски. Аудио снимките покажаа дека се бара луксузен пакет на опрема – рече Кацарска.

Јанкулоска не присуствуваше на рочиштето на кое се читаше пресудата. Таа од утрово се наоѓа во Кривичниот суд во Скопје, но во старата зграда каде се одржува рочиште за случајот „Таргет-Тврдина“ во кој таа е меѓу обвинетите. На изрекувањето на пресудата присутен е еден од нејзините адвокати, Боро Тасевски, како и обвинителите од СЈО Фатиме Фетаи и Стевчо Донев.

Судењето за Јанкулоска почна на крајот на август годинава, откако обвинетата се породи. Неа и се суди посебно откако Судот го прифати барањето на адвокатите за лекарското боледување поради нејзината бременост.

Во овој предмет веќе со правосилна пресуда се осудени поранешниот премиер Никола Груевски на две години затвор и екс помошник министер во МВР Ѓоко Поповски на 4 години и 6 месеци. Груевски, исто така, не дојде да ја слушне пресудата.

Истражувачки новинари од Македонија и Албанија за прв пат заеднички истражуваат прекуграничен криминал и корупција

Тимот новинари од ИРЛ од Македонија и Штег од Албанија - сите членки на Меѓународниот проект за известување на организиран криминал и корупција (ОЦЦРП), повеќе од десет месеци работеше...