fbpx

Српските весници престанаа да се дистрибуираат во Македонија, оти МПМ им должи

-

Дневните весници од Србија од завчера не се дистрибуираат во Македонија поради долг на „Медија принт Македонија“ (МПМ) кон српскиот дистрибутер „Беоколп“, јавуваат српските медиуми.
Комерцијалниот директор на „Беоколп“, Драшко Ѓуриќ, за Унијата на новинари на Србија (УНС) изјави дека МПМ повторно не исплатила пари за дистрибуција.

– МПМ на „Беоколп“ не му исплатил три заостанати рати. Никогаш не је запираме дистрибуцијата кога исплатите малку доцнат, тоа не ни е практика, но ова веќе ја премина границата. Грдо е што нè доведуваат во ситуација да ја прекинеме работата, но без тоа не би можеле да го наплатиме услугите – рече Ѓуриќ.

Тој додава дека српските весници нема да се најдат на продажните места во Македонија, најмалку до петок.

– Дури и денеска да ни исплатат сè, нема да стигнеме пред петок да организираме дистрибуција. Веруваме дека проблемот нема да се одолжи и дека наскоро ќе биде сè по старо – вели Ѓуриќ.
Од УНС велат дека се обиделе да добијат одговор од МПМ, но дека не одговарале на нивните повици.
Ова не е првпат „Беоколп“ да ја сопре дистрибуцијата на српски весници во Македонија, Последен пат, во октомври минатата година, повеќе од десет дена српските весници не се дистрибуираа во Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...