сабота, 9 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: МПМ | 20 резултати

Трифун Костовски: Не се обидов да си го вратам „Утрински весник“

април 26, 2017

Последниот број на „Утрински весник“ ќе излезе в сабота, на 29 април, тврдат новинарите кои се вработени во овој медиум. Официјален став од издавачот „Медија принт“ за затворањето на „Утрински весник“ сè уште нема. Не е познато ниту дали весникот претходно бил понуден на продажба на друга компанија или лице. Бизнисменот Трифун Костовски беше мнозински сопственик […]

ССНМ: Правосудните и истражните органи да ги испитаат случувањата во МПМ

април 20, 2017

Шпекулациите за стечај на „Медиа принт Македонија“ (МПМ), проследени со конкурси за вработување на новинари во фирма со слично име во сопственост на еден од директорите на МПМ, се последниот чин од драматичното пропаѓање на оваа медимска куќа, која уште еднаш потврди дека нема чесни намери кон своите вработени, велат од Самостојниот синдикат на новинари […]

По еден месец штрајк, новинарите во МПМ се враќаат на работа

март 14, 2017

Со префрлањето на платата за јануари, штрајкувачкиот одбор на „Дневник“, „Утрински весник“ и на „Вест“ донел одлука за прекин на штрајкот, информираат од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). – ССНМ со жалење констатира дека и покрај префрлањето на платата, ситуацијата на вработените во МПМ и понатаму е критична и очекува од управата да […]

Поддршка за новинарите во МПМ од синдикатите на Црна Гора, Хрватска и на Србија

февруари 24, 2017

Синдикатите на новинари на Црна Гора, Хрватска и на Србија изразија целосна солидарност и поддршка на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и на новинарите на „Утрински весник“, „Дневник“ и на „Вест“, трите дневни весници на фирмата „Медиа принт Македонија“, кои штрајкуваат од 17 февруари годинава поради неисплатени плати, придонеси и хонорари, како и […]

Петти ден штрајк на новинарите во МПМ

февруари 21, 2017

Со симболично делење на јубилејниот петилјадити број на весникот „Вест“ од страна на штрајкувачкиот одбор на „Вест“, „Утрински весник“ и на „Дневник“, денеска се одбележа петтиот ден од штрајкот на новинарите и на медиумските работници во редакциите на „Медиа принт Македонија“. Од Самостојниот синдикат на новинари велат дека прекинот на работата заради неисполнетите барања за […]

ССНМ: Ќе се радикализира штрајкот на вработените во МПМ

февруари 20, 2017

Штрајкувачките одбори на редакциите „Вест“, „Утрински“ и „Дневник“ решија да го зголемат времетраењето на штрајкот од четири на шест часа поради игнорантскиот однос на менаџментот, кој иако уредно информиран, со недели не покажа интерес за средба со синдикалните претставници, соопшти ССНМ. „Утре, 21 февруари 2017 година, ќе излезе 5.000. број на дневниот весник „Вест“. Жално […]

СЈО истражува во МПМ

февруари 17, 2017

Тим на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) денеска влегол во „Медиа принт Македонија“ (МПМ) дознава „Призма“. Целта на СЈО била да истражуваат дел од финансиското работење на оваа издавачка куќа, која под своја капа ги има весниците „Дневник“, „Утрински весник“, „Вест“, „Македонски спорт“, магазинот „Теа“ и интернет порталот „Телеграф“. Сопственик на МПМ остана само поранешниот шеф […]

ЗНМ го поддржува штрајкот на новинарите на МПМ

февруари 17, 2017

Здружението на новинари на Македонија го поддржува штрајкот на новинарите на трите весника на издавачот „Медиа принт Македонија“ и го повикува менаџментот на компанијата веднаш да ги исполни барањата на штрајкувачкиот одбор за исплата на заостанатите плати и хонорари. „Ги потсетуваме сопствениците на МПМ дека кршењето на социјалните права на новинарите не е само прекршување […]

Новинарите на МПМ почнуваат со штрајк на неопределено време

февруари 17, 2017

Новинарите и другите медиумски работници на „Медиа принт Македонија“ (МПМ), денеска, на Денот на македонското новинарство (17 февруари), ќе стапат во штрајк на неопределено време. Штрајкот е во организација на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија (ССНМ), а одлуката неодамна ја донесоа синдикалните групи во дневните весници „Утрински весник“, „Дневник“ и „Вест“. – […]

Српските весници престанаа да се дистрибуираат во Македонија, оти МПМ им должи

февруари 8, 2017

Дневните весници од Србија од завчера не се дистрибуираат во Македонија поради долг на „Медија принт Македонија“ (МПМ) кон српскиот дистрибутер „Беоколп“, јавуваат српските медиуми. Комерцијалниот директор на „Беоколп“, Драшко Ѓуриќ, за Унијата на новинари на Србија (УНС) изјави дека МПМ повторно не исплатила пари за дистрибуција. – МПМ на „Беоколп“ не му исплатил три заостанати […]

ЗНМ со поддршка на одлуката за штрајк на новинарите на „Дневник“, „Утрински“ и на „Вест“

февруари 6, 2017

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) се солидаризира со барањата на новинарите на трите весници на издавачот „Медиа принт Македонија“ (МПМ) веднаш да се исплатат заостанатите плати за декември и за јануари и хонарарите на дописниците. „ЗНМ ја поддржува одлуката на штрајкувачкиот одбор на новинарите на „Дневник“, „Утрински весник“ и на „Вест“ да стапат во […]

„Дневник“, „Утрински“ и „Вест“ со намален тираж поради недостиг од хартија, МПМ негира

ноември 5, 2016

Дневните весници што ги издава „Медиа принт Македонија“ (МПМ), „Дневник“, „Утрински весник“ и „Вест“, во петокот и во викенд-изданијата излегоа во многу намален тираж и без редвните прилози, наводно, поради недостиг од печатарска хартија. Оваа состојба, која се гледа и на проджните места, каде и вчера и денеска тешко се наоѓаат примероци од трите весници, била констатирана […]

ЗНМ: Отпуштањата во МПМ се смислен удар врз професионалното новинарство

јули 27, 2016

Здружението на новинари на Македонија денеска го оцени отпуштањето на новинарите во медиумите во сопственост „Медиа принт Македонија“ како удар врз слободата на професионалното новинарство. „Отпуштањето на 20 вработени од „Медиа принт Македонија“, од кои мнозинство новинари од дневниот весник „Вест“, претставува смислен удар врз професионалното новинарство и врз слободата на медиумите. По смената на главниот […]

Д-р Срѓан Керим ќе се кандидира за генерален секретар на ОН?

септември 9, 2015

Актуелниот претседател на управниот одбор на „Медиа Принт Македонија“ (МПМ) и искусен дипломат, д-р Срѓан Керим, ќе се кандидира за генерален секретар на Организацијата на обединетите нации, односно за функцијата која сега ја извршува јужнокорејскиот политичар Бан Ки-мун, кој на оваа позиција е од 2006 година и чиј мандант наскоро истекува, објави телевизијата „Телма“, повикувајќи […]

Новинарите на МПМ и денеска на протест за намалувањето на платите

септември 2, 2015

Новинарите од редакциите на „Медиа принт Македонија“ и втор ден по стапување на сила на одлуката на менаџментот за намалување на платите, излегоа точно напладне на протест пред седиштето на фирмата. На новинарите од „Вест“, „Утрински весник“ и од „Дневник“, од септември, скалесто ќе им бидат намалени платите за 30, 20 и за 10 проценти, […]

Вработените на „Вест“ го поддржаа проектот „Македонија вработува“ пред седиштето на МПМ

јуни 30, 2015

Новинарите на дневниот весник „Вест“, кој го издава фирмата „Медиа Принт Македонија“ (МПМ) денеска, точно напладне, пред седиштето на компанијата, излегоа облечени во маички на кои пишува „Македонија вработува“. Како што самите велат, тие сакаат да ја искористат познатата синдикална мерка за искажување незадоволство од плановите на менаџментот за намалување на платите и од најавата за […]

Страна 1 од 1