fbpx

Сончево со мала облачност и со магла во котлините

-

Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност, а во текот на денот ќе дува претежно слаб југоисточен ветер. По одделни котлини и по речните долини ќе има магла.

Минималната температура ќе се движи од минус 4 до 2 Целзиусови степени, а максималната од 9 до 16 степени.

Во Скопје и во околината ќе преовладува слично време со температура до 10 Целзиусови степени.

ОД УХМР јавуваат дека долж Повардарието, во Пелагонија и во Дебарско утрово има магла или намалена видливост. На крајниот југоисток има и ниска облачност. Во останатиот дел од земјата е ведро. Во Скопската Котлина исто така има магла, а кон запад само намалена видливост.

Утринава, најниската температура од минус 3 Целзиусови степени е измерена во Битола, минус 2 степени се измерени во Крива Паланка и во Куманово, во Тетово, Берово и во Маврово минус 1 сптепен, а нула степени се измерени во Скопје Петровец, Демир Капија и во Прилеп.

Метеоролозите предвидуваат дека претпладне во долините ќе се задржи магла која постепено ќе слабее. Ќе се намали и облачноста, која сега ја има на југоисток. Од пладневните часови ќе преовладува претежно сончево и тивко време.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...