fbpx

Сончево и топло време, на северот можен пороен дожд

-

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо. Претпладне ќе биде сончево и топло, а од пладне облачноста ќе се зголемува и ќе дува умерен северен ветер, што ќе биде најприсутен на североистокот на земјава.

Во попладневните часови во северните делови на Македонија ќе има услови за локална појава на пороен дожд проследени со грмежи.

УВ индексот ќе изнесува 8.

Температурите ќе се движат од 11 до 20 степени утрово, а максималните дневни ќе изнесуваат  до 29 до 36 Целзиусови степени.

Во Скопје времето претпладнево ќе биде сончево, а од пладне ќе настапи зголемена облачност, со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Температурниот максимум ќе изнесува 33 Целзиусови степени.

Од утревечер следува период на претежно стабилно и се потопло време. Дневната температура до сабота ќе биде во постепен пораст, но ќе се задржи во рамките на просекот за овој период од годината. Најтопло ќе биде в сабота со максимална температура до 38 Целзиусови степени на југоистокот од земјава. Позначителни врнежи од дожд со намалување на температурата се очекуваат на крајот од викендот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Борел и Вархеји: Изборите беа демократски спроведени

Во заедничка изјава, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздравуваат...