fbpx

Собранието ќе врати 41 отсто од парите за кампања за референдумот

-

По барањето на Собранието за одобрување на финансиски средства за кампањата за референдумот која што ќе се спроведува од овластениот предлагач на Одлуката за референдум, Владата префрли 80 милиони денари на посебната наменска сметка на Собранието, која што ќе се користи исклучиво за спроведување на кампањата за референдум, информираат од Собранието.

„Алоцираните финансии исклучиво ќе бидат користени само за намената за која се распределени средствата, односно за кампањата којашто ќе биде спроведена од страна на 71 пратеник кои што се изјасниле дека се во коалицијата ЗА референдумот, што претставува 59 проценти од времето за повластено платено рекламирање во медиумите. Оттука информираме дека остатокот од алоцираните финансии за референдумска кампања, односно финансиите наменети за 41 процент од пратениците кои што во писмото до претседателот на Собранието се изјаснија дека бараат средствата за кампања да се пренаменат за други цели, истите не може да се пренаменат за други цели, односно истите ќе останат неискористени“, се вели во соопштението.

Собранието како корисник на средствата, има обврска, по завршувањето на кампањата да изготви извештај за потрошените средства и неискористените финансии ќе бидат веднаш вратени во буџетот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...