fbpx

Синдикатите потпишаа повелба и го поздравија разрешувањето на Митревски

-

Повеќе гранкови синдикати ставија потпис на повелбата за солидарност на синдикатите и на здруженијата за заштита на работничките права, со која, меѓу другото, се спротиставуваат на опструкциите на синдикализмот и бараат од надлежните органи во земјава да преземат активности за нивно надминување.

Со повелбата, која ја потпишаа Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ), Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), Синдикатот на македонската дипломатска служба, Левичарско движење „Солидарност“, Движење за социјална правда „Ленка“, Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија, Синдикатот на културата на Република Македонија, Мултиетничкиот синдикат на образование, Младинската организација „Мугра“ и Независниот академски синдикат“, се поздравува и разрешувањето на досегашниот претседател на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Живко Митревски.

„По бројните антисиндикални потези на овој синдикален функционер, кулминацијата беше первертирањето на клучната суштина на синдикализмот: наместо политичките партии да ги прилагодуваат своите политички програми и активности во согласност со барањата на синдикатите, тој, практично самостојно или со поддршка на само грст гранкови синдикати, ја „усогласил“ агендата на ССМ со истата на владејачката партија! Да биде работата уште пострашна, таквото однесување е, изгледа, „заразно“. СОНК, исто така, побрза да се „усогласи“ со владејачката партија. Само потсетуваме дека се работи за политичка партија која пред очите на целата македонска јавност веќе со години одбива дури и синдикален дијалог и упорно го разградува системот на заштита на работничките права“, се вели во соопштението од синдикатите потписници на повелбата.

Синдикатите остро го осудуваат и минатонеделниот напад на канцеларијата на Здружението на работниците и работничките од текстилната и кожарската индустрија „Гласно“ во Штип, во кој беа уништени прозорците и таблата со логото на КУЦ „Текстил“. Тие бараат од Министерството за внатрешни работи и од јавното обвинителство итно да ги откријат извршителите на нападот, со кој, според нив, се испраќа сериозна закана за човекови права и слободата на здружување и изразување на граѓаните.

„Без сомнеж, најдискриминираните работници во Македонија се текстилните и кожарски работници. Наводната немоќ на полицијата да ги открие сторителите на овој вандализам во едно место како што е Штип, не може да биде ништо друго освен отворено исмевање на македонскиот правосуден систем“, се вели во соопштението.

Од синдикатите нагласуваат оти се убедени дека со смената на Митревски „синдикализмот се ослободува од партиските стеги и од еден од главните узурпатори на автентичното, автохтоно синдикално движење во Република Македонија“.

„Нема успешна економија без развиен синдикализам“, велат синдикатите потписници на повелбата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...