Преземањето на контролата на шпанските власти над Каталонија денеска стапи на сила.
„Претседателот на шпанската Влада ја презеде улогата и овластувањата од претседателот на Каталонија“, се наведува во официјалното соопштение на шпанските власти.
Шпанскиот министер за внатрешни работи, Хуан Игнасио Зојдо, наведува дека денеска е отпуштен и шефот на регионалната полиција, Хозе Лјиуд Траперо, против кого беше поведена истрага за поттикнување на бунт. Траперо е осомничен дека помагал во протестите за независноста на Каталонија одржани во септември.
Членот 155 од шпанскиот устав, кој беше активиран синоќа, ѝ овозможува на владата да реагира против секој бунт на својата територија.
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, ги охрабри двете страни да најдат решение во рамки на шпанскиот Устав и врз основа на вообичаени политички и легални начини.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, исто така оцени дека прашањето за Каталонија мора да се реши во рамки на шпанскиот уставен поредок.
– Шпанија е посветен сојузник кој значајно придонесува за нашата безбедност – напиша Столтенберг на својот твитер-профил.
Catalonia issue must be resolved within Spain's constitutional order. Spain is committed Ally, with important contributions to our security.
— Jens Stoltenberg (@jensstoltenberg) October 27, 2017