Франција на пат да го внесе правото на абортус во уставот

За тоа да се случи, законот мора да биде изгласан во Сенатот, односно во Горниот дом

Photo by Dwain Norsa on Unsplash

Националното Собрание, односно Долниот дом на францускиот парламент вчера со големо мнозинство го одобри законот со кој правото на жената на абортус ќе стане уставно право, односно ќе биде внесено во уставот на Франција.

За тоа да се случи, законот мора да биде изгласан во Сенатот, односно во Горниот дом.

Уставната гаранција на правото на абортус беше ветена од францускиот претседател Емануел Макрон, откако во САД почна поништување на правата на абортус.