fbpx

Шпанија не е Југославија, им порача Јункер на Каталонците

-

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, оцени дека Каталонците не се под репресија на Шпанија и дека ситуацијата во која се наоѓаат не може да се спореди со таа во поранешна Југославија.

– Во Каталонија не постои проблем со кршење на човековите права, затоа што Католонците, кои ми се мили и чија култура ја почитувам, не се под репресија на Шпанија. Не може да се влече паралела со Словенија и со другите земји од поранешна Југославија со тоа што се случува во Каталонија – изјави вчера Јункер за португалската телевизија РТП.

Тој додаде дека не сака „утре или задутре ЕУ да има 95 различни земји“.

– Би ја изгубиле контролата. Националното единство и европското единство се работи што одат заедно – рече Јункер, повторно отфрлајќо ја можноста за посредување во судирите меѓу Барселона и Мадрид.

Шпанскиот Сенат денеска ќе гласа за мерките што минатата недела ги предложи шпанскиот премиер Маријано Рахој за распуштање на каталонската влада и за распишување вонредни избори во рок од шест месеци.

Овие мерки би значеле дека шпанските министерства, во текот на шесте месеци до организирањето на предвремените каталонски избори, ќе управуваат со каталонската полиција, финансиите, јавните медиуми, телекомуникациите и со информатичките служби.

Каталонскиот парламент во тој период не би можел да ги поништи мерките, ниту да предложи нов претседател на регионалната влада.

– Ситуацијата малку излезе од контрола, затоа што владата и дел од каталонскиот парламент излегле од рамките на законот. Шпанскиот Устав е прилично јасен – не може да се организира референдум за отцепување – рече Јункер.
Тој додаде дека Европа нема никаква улога во конфликтот меѓу Барселона и Мадрид.
– Шпанците се тие кои треба да го решат тој проблем – рече Јункер.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...