Курдските бунтовници активирале импровизирана експлозивна направа во покраината Хакари, додека минувало воено возило, јави турската војска.
Нападот се случил во близина на градот Јусеков и повредени се 17 војници.
Војниците бргу се евакуирани и хоспитализирани. Четворица се наоѓаат во тешка состојба, стои во соопштението.
Курдската работничка партија води борба против турските власти веќе 30 години, а во судирите досега загинаа неколку илјади лица. Немирите ескалираа по 2015 година, откако пропаднаа двегодишните мировни преговори.
Турските власти, ЕУ и САД ја третираат партијата како терористичка организација.