Американскиот претседател Барак Обама, говорејќи за кризата во Грција, изјави дека не може да се продолжи со вршење притисок врз една земја, чија економија е во депресија.
– Не можеме да продолжиме да вршиме притисок на земја која е во депресија. Во еден момент е потребна стратегија за пораст за да може да се вратат долговите. Кога економијата е во слободен пад, потребна е стратегија за пораст, а не само поголем притисок врз народот кој сè повеќе страда – рече Обама во интервју за „Си-Ен-Ен“.
Обама призна дека на Грција ѝ се потребни „силни реформи“, но дека е „особено тешко да се покренат реформи, ако животниот стандард на луѓето опаднал за 25 отсто. Долгорочно, политичкиот систем и општеството не можат да издржат, рече Обама.