!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Нервно растроен маж со нож нападнал три лица во Марсеј


       
Марсеј, 26 август, 2017 - 16:28 (META) 

Три лица се полесно повредени откако со нож ги нападнал нервно растроен маж во центарот на Марсеј, пренесуваат француските медиуми повикувајќи се на полициски и правосудни извори, кои ја исклучуваат можноста за тероризам.

Триесет и петгодишниот напаѓач, чие однесување било крајно неурамнотежено, бил уапсен и пренесен во болница.

Напаѓачот не изговорил ништо што би можело да по поврзе со исламистите, соопшти претставник на полицијата.

Сите три лице се мажи, кои напаѓачот ги сретнал на улица во периодот меѓу 06.30 и 06.55 часот наутро.

Во понеделникот, исто така во Марсеј, ментално растроено лице уби една жена, а тешко повреди уште една откако со комби влета во две автобуски станици во градот.

Синоќа во Брисел и во Лондон беа изведени напади со нож, а двата напади се окарактеризирани како акт на тероризам.