!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

На двете сметки на Црвен крст собрани 829.669 евра


       
Скопје, 26 август, 2016 - 14:57 (META) 

На жиро-сметката на Фондот за солидарност на Црвен крст до денеска се уплатени 37.799.764  денари или 614.630 евра, а од донирањето 100 денари со повик на телефоните 075/070/077 143 400, собрани се 13.224.900 денари, односно 215.039 евра, или вкупно 829.669 евра, соопштија од Црвен крст.

Досега, како што известија од Црвен крст, нивните екипи дистрибуирале:

  • 33.454 пакети со храна (еден пакет е наменет за 4 лица);
  • 31.004 дневни и топли оброци;
  • 46.013 литри млечни производи;
  • 6.776 пакети со хигиенски производи;
  • 2.519 бебешки пакети;
  • 315 тони вода;
  • 586 душеци;
  • 4.590 кебиња;
  • 600 килограми облека;
  • 764 пара чизми;
  • 341 литар дезинтал.

Акцијата за собирање помош продолжува до 29 август, а собраните средства потоа ќе бидат линеарно распределни на семејствата кај кои е извршена проценка на штетата.