fbpx

Масовно апсење на поранешни вработени во турското МНР

-

Турската полиција почна операција за апсење на повеќе од 120 поранешни вработени во турското Министерство за надворешни работи.

Сите тие се товарат дека наводно се поврзани со Фетулах Ѓулен, имамот кој живее во егзил во Пенсилванија, САД, а кого Анкара го обвинува за организирање на обидот за државен удар.

Турските медиуми наведуваат дека поранешните вработени во турското Министерство за надворешни работи беа и претходно обвинети.

Единиците за борба против тероризмот почнаа симултани акции во 30 провинции, за да ги уапсат осомничените. Некои од нив се обвинети дека користеле апликација „Бајлок“ за праќање шифрирани пораки, за која владата наведува дека ја употребувала мрежата на Фетулах Ѓулен.

Од јули 2016 година, кога беше обидот за пуч, турските власти уапсија повеќе од 50.000 лица, кои се соочуваат со судски процеси поради обвиненија за врска со Ѓулен, додека 150.000 лица се сменети или се суспендирани од позиции во војската или во јавниот и во приватниот сектор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...