fbpx

Лидерот на ИД во тешка состојба откако бил отруен

-

Лидерот на Исламска држава, Абу Бакр ал Багдади, бил отруен заедно со тројца други команданти на таа терористичка организација, во северната ирачка провинција Ниневех. Ова го објавија локалните ирачки медиуми, повикувајќи се на анонимни извори.

– Разузнавачките информации покажуваат дека лидерот на ИД, Ал Багдади, и уште тројца команданти јаделе храна која содржела отрови – изјавил анонимен извор, а пренесе ирачката новинска агенција МНА.

Изворот изјавил дека тројцата милитанти биле тешко отруени и дека биле превезени на непозната локација каде што се наоѓаат под строг надзор.

Исламска држава, наводно, уапсила поголем број луѓе во таа област во обид да го пронајде одговорниот.

Ал Багдади постојано менува локации во Ирак и во Сирија за да избегне воздушни напади и само блискиот круг на луѓе околу него знае каде се движи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(ИНФОГРАФИК) Мал одѕив на претседателските избори во општините со мнозинство албански гласачи

Големи разлики се гледаат во одѕивот на граѓаните во некои општини на парламентарните и претседателските избори денеска. Во Изборната едница 6, но и во другите општини каде што доминира...