вторник, 17 март, 2026
Meta.mk

Ознака: отров | 25 резултати

На македонскиот пазар не се увезени небезбедни домати од Албанија

21 мај 2023

Агенцијата за храна и ветеринарство, овластен државен орган задолжен за контрола на храната која се увезува на граничните премини, вклучително и овошјето и зеленчукот, тврди дека граѓаните треба да бидат спокојни, бидејќи ваков таканаречен увоз не е можен и не бил извршен. Освен ова, Вистиномер провери и во здравствена установа од каде добивме потврда дека […]

Вистиномер: Не е вистина дека ковид е отров и дека се лекува со „атропин“

10 август 2022

Болеста ковид-19 е предизвикана од вирус, таа е реална и постои, а за тоа говорат бројките за заболени и починати во изминативе две и пол години од пандемијата. Не постојат никакви запрашувања со отрови и надвор од секаков здрав разум е да се тврди дека ковид е отров со кој нè прскаат од авиони! „Атропинот“, […]

Вистиномер: Белата патека од авионите не е составена од боеви отрови

18 мај 2022

Ова е уште една од серијата објави кои ја шират теоријата на заговор позната како „кемтрејлс“, според која од авиони нè прскаат со отрови.  Притоа за вообичаените траги од кондензација што ги создаваат авионите во воздухот се тврди дека се „хемиски патеки“, составени од хемиски или биолошки агенси за „злобни цели“. Ваквите тврдења се категорично […]

Вистиномер: Ензим од отровна змија-ѕвечарка не е пронајден во вакцините против ковид-19

25 септември 2021

Во вакцината против ковид нема ензим од змија отровница, односно ѕвечарка. Студијата што се споделува во постот не е спроведена на вакцинирани пациенти, туку на пациенти со ковид, кои биле хоспитализирани неколку месеци пред да почне процесот на имунизација. Пронајдените наоди во самата студија воопшто не се однесуваат на вакцината, така што постот што го […]

Алексеј Навални, најгласниот критичар на Путин, е во болница со сомнежи за труење

20 август 2020

Рускиот опозициски политичар Алексеј Навални денеска е примен во болница во Сибир, со симптоми кои неговата портпаролка Кира Јармиш ги опиша како знаци на труење. Навални летал од сибирскиот град Томск кон Москва кога се појавиле симптомите и морало да биде хоспитализиран. Било направено принудно слетување во градот Омск, каде е примен на интензивна нега […]

Пчелниот отров сепак не е докажан лек против Ковид-19

12 мај 2020

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, односно од […]

Канцерогениот линдан од ОХИС 50 години метастазира, секоја власт го игнорира (видео)

13 јануари 2019

Над 50.000 тони канцероген отров повеќе од половина век го уништува здравјето на скопјани и ја загадува почвата, водата и воздухот. Македонската стручна јавност веќе одамна знае за проблемот со линданот закопан во кругот на поранешниот хемиски гигант ОХИС (Органско хемиска индустрија – Скопје). Познати се и последиците кои овој отров ги предизвикува врз здравјето […]

Власта и опозицијата се препукуваат, граѓаните дишат отров

3 декември 2018

Синоќа речиси сите мерни станици на Министерството за животна средина покажаа неколку пати поголемо количество на канцерогените ПМ10 и ПМ2,5 честички. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја обвини власта дека е виновна што граѓаните се гушат од енормното загадување на воздухот, а од СДСМ велат дека Владата заедно со сите надлежни институции активно работи на надминување на долгогодишниот […]

Отруени две кучиња во Карпош 4, отров оставен во куќарка за куче во Аеродром

11 декември 2017

Два случаи на отруени кучиња и на оставен отров за куче се регистрирани во Скопје во изминатово деноноќие, извести МВР. Вчера во 23.15 часот во полициската станица Карпош било пријавено дека на улицата Разловечко востание во Карпош 4, пред станбена зграда, биле пронајдени две отруени кучиња. Денеска во 8.45 часот било пријавено дека на подрачјето […]

Богдановиќ повика граѓаните да пријавуваат обиди за труење животни

10 декември 2017

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ денеска ги повика граѓаните граѓаните доколку забележат расфрлен отров во централното градско подрачје веднаш да се јават на телефонските броеви: 070 424685 на Емилија Поповска и 075 437068 на Јулија Малахова. Граѓаните треба да пријават и напуштени домашни миленичиња. Богдановиќ побарал од командирот на Полициската станица Центар да се […]

Адвокатката на Праљак не знае како тој дошол до отровот

30 ноември 2017

Адвокатката на поранешниот хрватски генерал Слободан Праљак, кој вчера си го одзеде животот пиејќи отров за време на изрекувањето на второстепената одлука во Хашкиот трибунал, денеска за ХРТ изјави дека не знае како нејзиниот клиент дошол до отровот и како и го внел во судницата. Таа изјави и дека не видела кога тој го испил отровот. Адвокатката Ника […]

Почина Слободан Праљак откако испи отров во судницата во Хаг

29 ноември 2017

Слободан Праљак, генерал на војската на босанските Хрвати во војната во БИХ во 1990-тите, почина неколку часа откако во судницата на Меѓународниот трибунал испи отров од шишенце, јавија хрватските медиуми. Праљак е познат како командантот осомничен за уривањето на стариот мост над Неретва во Мостар, кој сега е обновен. При изрекувањето на пресудата, 72-годишниот Праљак, […]

Европа да ги отфрли сепаратизмот и национализмот, порача Јункер од Шпанија

9 ноември 2017

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер денеска ја повика Европа да се спротивстави на сепаратизмот во време кога иницијативата за незaвисноста на Каталанија длабоко ја подели Шпанија, јавуваат светските агенции. – Национализмот е отров кој ја спречува Европа да функционира обединето – рекол Јункер во својот говор на универзитетот во шпанскиот град Саламанка, каде […]

Германската полиција трага по маж кој става отров во храната во продавниците

28 септември 2017

Непознат маж ставал отровна супстанца во храна, вклучувајќи и храна за бебиња која се продава во супермаркетите во Германија, за да изнуди повеќе од еден милион евра, соопшти денеска германската полиција. Во соопштението се наведува дека, лицето испратило електронска пошта до полицијата откако ставило голема количина на отров во производи во супермаркетите на југот на Германија. Лицето […]

Министерство за здравство: Од отровот за кучиња може да страдаат и деца

11 април 2017

Министерството за здравство апелира да не се фрла отров за кучиња затоа што тој може да биде исклучително опасен и по здравјето на луѓето. „Апелираме на поголема свесност и совесност зашто злоупотребата на овие материи директно го загрозува и здравјето на децата, кои лесно може да дојдат во допир со фрлените отрови на јавни површини. Според […]

Протест против масовното труење кучиња во Скопје

9 април 2017

Неколку стотици активисти за правата на животните денеска напладне протестираа на плоштадот Македонија против труењето кучиња во Скопје во последните неколку седмици и реагираат што нема реакција од властите за непочитување на законите за заштита на животните и за слободната продажба на отров. Од плоштадот, демонстрантите, од кои многумина со своите миленици, се упатија кон […]

Лидерот на ИД во тешка состојба откако бил отруен

3 октомври 2016

Лидерот на Исламска држава, Абу Бакр ал Багдади, бил отруен заедно со тројца други команданти на таа терористичка организација, во северната ирачка провинција Ниневех. Ова го објавија локалните ирачки медиуми, повикувајќи се на анонимни извори. – Разузнавачките информации покажуваат дека лидерот на ИД, Ал Багдади, и уште тројца команданти јаделе храна која содржела отрови – изјавил анонимен […]

„Арсена“: Гевгелиската вода, покрај арсен, содржи и ванадиум

11 јули 2016

Анализата на примерок од водата за пиење од гевгелискиот водовод, земен на 16 јуни годинава, покажала присуство на енормно количество на арсен во водата, штетно за здравјето на човекот, информираат од граѓанската иницијатива „Арсена“. Анализата што ја извршила меѓународна лабораторија, како што додаваат од „Арсена“, покрај арсен, покажала и присуство на тешкиот метал ванадиум во водата […]

Камерун: Со отровна стрела убиле бомбаш самоубиец

3 мај 2016

Група жители на северот на Камерун, во самоодбрана со отровна стрела убиле жена која била опашана со експлозив, соопштија властите. Четириесетгодишната жена, заедно со 14-годишно девојче, влегла во Камерун од соседна Нигерија. Жители на градот Мора ја стрелале жената со отровна стрела, откако таа одбила да запре на нивното барање. Девојчето кое било со неа […]

Николовски: На Кванташки се продаваат отровни краставици

12 април 2016

Минатата недела на барање на потрошувачите и на домашните раноградинари, до Државната фитосанитарна лабораторија доставивме примерок од увозни краставици произведени од областа Лушна, Албанија, а купени на Кванташки пазар за да се испита присуството на пестициди, изјави денеска на прес-конференција, дополнителниот заменик-министер за земјоделство во оставка, Љупчо Николовски. Тој рече дека резултатите од анализите биле […]

Страна 1 од 2