fbpx

Кривична пријава за надзорник во „Идризово“ што продавал хероин

-

СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.Н, надзорник во затворот „Идризово“, кој набавувал хероин, го препакувал во својот дом и во помали количества го внесувал во затворот.

„Единицата за недозволена трговија со дрога на СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.Н. (37) од Скопје, поради основан сомнеж дека во текот на октомври 2016 година неовластено набавил поголемо количество наркотична дрога хероин, која ја препакувал во 27 полиетиленски пакувања со намера да ја продава на уживатели во затворот, со што сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, соопштуваат од МВР.

Во извршениот разговор, И.Н. пред полициските службеници не дал појаснување од кого ја купил наркотичната дрога хероин, кому ја продавал и по која цена.

Судија на претходна постапка на И.Н. му одредил мерка притвор во траење од 30 дена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...