fbpx

Кој, каде и како ја кренал рампата за Груевски?

-

Откако владиниот портпарол Миле Бошњаковски денеска соопшти дека Одделот на внатрешна контрола во МВР спроведува постапка за можна инволвираност на полициски службеници дека му помогнале во бегството на Никола Груевски, а дополнително СВР Скопје, го утврдува начинот на бегството, како и евентуално надворешни помагатели, се поставува прашањето дали поранешниот премиер државната граница ја минал нелегално или на граничен премин.

Ова уште повеќе бидејќи во албанските медиуми излезе информацијата дека „извештаите на албанската полиција сугерираат дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски на 11.11.2018 година во 19:11 излегол од Албанија во Црна Гора со автомобил на унгарската амбасада во Тирана – возило таблички CD1013A.“. Потоа и  шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Орбан, тврди дека Груевски барање за азил во Унгарија го поднел во „унгарска амбасада надвор од Македонија“.

Во случај бегството да е направено со илегално преминување на државната граница, за тоа би му бил потребен најмалку еден помагач или Груевски пребегал во договор со припадник или припадници на граничната полиција.

Од друга страна, ако преминал на граничен премин, невозможно е  поранешен премиер што ја извршуваше таа функција 10 години да биде непрепознаен по лик при полициската контрола. Доколку пак бил маскиран и со лажен пасош или лична карта, вистинскиот идентитет би се утврдил без проблеми, со биометриска проверка за да се види дали лицето што сака да ја мине границата ги има биометриските параметри снимени во личниот документ. За такво нешто полицаецот има право да го задржи патникот и до 24 часа, вели членот 13 од Законот за гранична контрола.

„Полицискиот службеник при извршувањето на граничните проверки на лица е овластен:
– да побара валиден патен  документ или друг документ пропишан за преминување на државната граница,
– да го утврди идентитетот на лицето кое има намера да ја премине државната граница,
– да провери дали се исполнети условите за влез и излез од Република Македонија утврдени со закон,
– да даде упатства и наредби со цел за непречено и брзо одвивање на граничните проверки.
– доколку постојат индиции, односно основи за сомневање за сторено кривично дело или прекршок, да изврши гранични проверки на втора линија што подразбира и преглед или претрес на лицето, предметите и превозното средство што истото ги поседува,
– да ја провери валидноста на патниот документ, односно на друг документ пропишан за преминување на државната граница,
– да изврши проверка на отпечатоци од прсти и дланки и други биометриски податоци во соодветните евиденции,
– да изврши проверка во оперативните (побарани) и други евиденции и електронски бази на податоци за лица, предмети превозни средства и
– да го задржи лицето за време неопходно потребно за извршување на граничните проверки, но не подолго од 24 часа.“, стои во членот 13.

Според наведените обврски од оваа законска одредба, доколку Груевски бил пред очите на полицискиот службеник а бил пуштен да помине, вината на службеното лице е јасна. Доколку пак бил сокриен во некое возило, станува збор најмалку за „несовесно работење во службата“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Германија добива онлајн регистар на донори на органи

Германскиот онлајн регистар на донори на органи вчера беше отворен со две години задоцнување. Министерот за здравство Карл Лаутербах оцени дека тоа придонесува за транспарентност и поголема подготвеност на...