fbpx

Камерон: Ние одлучуваме за почетокот на раздолжувањето

-

Суверено право на Велика Британија е самостојно да одлучи кога ќе го активира членот 50 од Лисабонскиот договор, рече британскиот премиер Дејвид Камерон на правата седница на претставничкиот дом во британскиот парламент, по референдумот за излегување од Европската Унија.

Камерон истакна дека ваквиот исход од парламентот е далеку од тоа што тој го посакувал, но резултатите треба да се почитуваат и да се применат на „најдобар начин“ во интерес на сите делови на Британија.

Велика Британија со мнозинство гласови од 52 отсто од избирачите одлучи да излезе од ЕУ на 24 јуни.
Лидерите на ЕУ утре на самит во Брисел ќе расправаат за тоа колку време ќе биде потребно за Британија да ја спроведе одлуката за напуштање на Унијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...