fbpx

Камерон: Излегувањето од ЕУ ќе предизвика тешки последици за британската економија

-

Британскиот премиер Дејвид Камерон оцени дека излегувањето на Велика Британија од Европската Унија ќе биде „билет во еден правец“ и ќе предизвика тешки последици за британската економија.

Камерон, во интервјуто за „Сандеј тајмс“, ги обвини сопартијците Мајкл Гоув и поранешниот градоначалник на Лондон, Борис Џонсон, кои се залагаат за излегување од ЕУ, дека користат „целосно неточни податоци“.

– Првото е дека Турција ќе биде дел од ЕУ, второто е дека ние испраќаме по 350 милиони фунти секоја недела во буџетот на ЕУ и трето дека постојат планови за европска армија и дека Британија ќе биде дел од неа – наведе Камерон, додавајќи дека ќе остане на функцијата дури и ако Британците поддржат излез од ЕУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.