!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Кадриу: Функцијата ќе ја извршувам одговорно, сметам дека Законот за јазиците е уставен


       
Скопје, 11 јануари, 2018 - 13:34 (META) 

Новоизбраниот уставен судија, професорот Осман Кадриу откако положи свечена заклетва во Собранието, изјави дека функцијата ќе ја извршува одговорно и согласно принципите на правната држава.

– Покрај привилегиите што го има во битието на оваа функција, овде има компонента на одговорност. Тој мора да биде одговорен, бидејќи вредностите на Уставниот суд се мошне значајни. Преку нив се остварува интересот на граѓаните, бидејќи се штити уставниот поредок, а со тоа се придонесува да се штити Уставот на земјата. Ние како судии мора да дадеме придонес за ова. На прво место треба да се штити уставноста на земјата, посебно на оние земји кои сакат да бидат правни. Уставот е орган за дишење – рече Кадриу.

Прашан за уставноста на Законот за јазиците кој беше изгласан веднаш откако Собранието ги избра новите уставни судии, Кадриу рече дека неговото мислење како правник е дека Законот е во духот на Уставот и уставните норми.

-Прашањето на јазикот се гарантира со Устав. Со овој закон само се предвидува техниката, како албанскиот јазик да се имплементира – додаде Кадриу.