!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Иванов ќе ја посети Александриската библиотека


       
Каиро, 15 март, 2016 - 9:59 (META) 

Во рамките на официјалната посета на Египет, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска ќе ја посети Александриската библиотека, град кој е главно египетско пристаниште на Средоземно Море.

Александриската библиотека била најголема и најпозната во античкиот свет. Во 3 век п.н.е ја основал Птоломеј Први Сотер, била центар на древната наука и уметност. Имала неколку десетици илјади дела напишани на околу 600.000 свитоци папирус на сите тогаш познати јазици. Низ историјата била уништувана од разни освојувачи, а денес се наоѓа во модерен објект.

Шефот на државата претходните два дена престојуваше во престолнината Каиро, каде што имаше средба со египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси, а вчера се обрати на бизнис-форум на кој беа презентирани можностите за инвестирање во Македонија.