Јавниот долг на Македонија ќе може да се следи во реално време

Јавниот долг на Македонија отсега може да се следи во реално време преку бројчаник што е поставен на страницата на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

Според последните информации, јавниот долг изнесува 49,18 проценти од домашниот бруто-производ (БДП) и долгот на секој граѓанин е 2.088 евра. Она што може да се забележи е дека тој долг постојано се зголемува.

Лидерот на опозицијата, Зоран Заев, исто така најави дека доколку дојдат на власт, на Триумфалната капија во Скопје ќе постават бројчаник за враќање на украдените пари како тој во близина на Тајмс сквер во Њујорк.

Бројчаник што го одбројува германскиот национален долг има и во Берлин.