fbpx

Груби – Станила: Следните месеци да се искористат за реформите, а не за нови избори

-

Следните месеци треба да се искористат за забрзување на реформите, а не да се размислува или да се зборува за предвремени избори затоа што време е за испорака на ветеното и на очекуваното од нашите партнери во Брисел и во Вашингтон, рекол претседателот на собраниската комисија за европски прашања, Артан Груби, на денешната средба со амбасадорот на Романија во Македонија, Виорел Станила.

Груби на средбата ги нагласил конкретните мерки што се преземаат за исполнување на сите неопходни критериуми за почеток на преговорите за членство на Македонија во Европската Унија и за зачленување во НАТО. Во овој контекст тој подвлекол дека резултатите на локалните избори се истовремено и потврда и дополнителна одговорност за да се реализира реформската и европската агенда на актуелното владејачко мнозинство.

Имајќи ја предвид идната тројка составена од Бугарија, Австрија и од Романија, која во перодот што следи ќе претседава со Европската Унија, Груби упатил апел до амбасадорот Станила во рамките на нивните приоритети да се посвети особено внимание на политиката на проширувањето.

– Поддршката од Република Романија ќе биде значајна за да добиеме позитивна препорака од Европската комисија и политичка одлука за почеток на преговорите во јуни идната година – рекол Груби.

Амбасадорот Станила истакнал дека Романија и понатаму е силен поддржувач на процесот на проширување на ЕУ со нови земји членки и ја поддржал посветеноста на Владата за евоинтеграциските процеси, истакнувајќи дека е неопходно земјата да ги спроведе потребните реформи, за да се подобрат животните услови на сите граѓани во државата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...