fbpx

Димитров: Допрва почнува процесот за решавање на спорот за името

-

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска не сакаше да прецизира за што конкретно ќе се разговара на утрешната средба со неговиот грчки колега, Никос Коѕиас, додавајќи дека е некоректно да се каже дека ќе зборуваат само за мерките за доверба, имајќи предвид дека довербата е клучна за добрите односи.

– Треба да се утврди што е најважно за Грција по ова прашање, да објасниме што е најважно за Република Македонија. Јасно е дека процесот и формално и суштински е под покровителство на Обединетите нации. Допрва почнува процесот на преговори, по посетата на Нимиц и по неговата средба со Коѕиас во Брисел и ќе видиме колку ќе трае и колку ќе биде интензивен – рече Димитров.

Тој истакна дека новата влада почнала низа сериозни корективни мерки во согласност со Привремената спогодба.

– Ова министерство и оваа влада сериозно ги сфаќаат обврските што ги имаме преземено и сериозно го сфаќаме Уставот на РМ и ќе бидеме многу принципиелни и многу цврсти во поглед на излетот што ни се случи во Канада – рече Димитров, истакнувајќи дека Македонија не сака карти на големи земји, туку карта на голема Европа.

Прашан дали сè уште постои оптимизам за влез во НАТО до крајот на годинава, тој рече дека ентузијазмот гради високи очекувања и нè турка напред, но дека зачленувањето не зависи само од нас, туку и од Грција, како и од тоа колку брзо ќе успееме да ги тргнеме критиките од самитот во Варшава, кои се однесуваат на одговорноста, владеењето на правото и на слободата на медиумите.

– Клучно прашање не е кога, туку дали сакаме како општество и нација да си ја зацврстиме иднината, за да не се прашуваме секој трет ден дали ќе нè биде и што ќе биде со Македонија. Во услови кога регионот е поразнишан, важно е судбината да си ја земеме во свои раце и да направиме сè што можеме – рече Димитров.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...