This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Wed Nov 22 5:40:49 2017 / +0000 GMT

Демонстранти фрлаа тоалет хартија кон романската Влада




Околу 1.500 демонстранти синоќа фрлаа тоалет хартија кон зградата на романската Влада, на протестот против итните мерки предложени од владата.

Дел од мерките е и владиниот предлог-закон со кој се предвидува во иднина министерот за правда да го именува јавниот обвинител, без можност претседателот на државата да влијае врз изборот. Според опозициските демонстранти, оваа одредба ќе доведе до потчинување на судството од страна на Владата. Протестот беше и против даночните измени што ги планира левичарската влада.

„Не сакаме да бидеме нација на крадци“, „Излезете од домовите“, „Срамно крвопролевање“ беа некои од паролите што можеа да се забележат на протестот. Тоа беше вториот протест на плоштадот „Викториеи“, откако претходниот, кој се одржа некаде околу пладне, беше помалкуброен.

Post date: 2017-11-09 13:01:19
Post date GMT: 2017-11-09 12:01:19
Post modified date: 2017-11-09 13:01:19
Post modified date GMT: 2017-11-09 12:01:19
Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. HTML saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com