!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Бројката загинати во земјотресот во Мексико се зголеми на 32 лица


       
Мексико Сити, 8 септември, 2017 - 18:41 (META) 

Бројката на загинати во катастрофалниот земјотрес во Мексико, кој со магнитуда 8,2 степени според Рихтеровата скала е најсилниот земјотрес во Мексико во последните 100 години, достигна 32 лица, соопштија властите во земјата.

Епицентарот на земјотресот беше на пацифичкиот брег на Мексико. Земјотресот бил посилен од оној што во 1985 година го погоди главниот град на Мексико, но предизвика многу помала штета.

Зелено-сина светлина која го осветли небото над градот Мексико веднаш по земјотресот од 8,2 степени по Рихтеровата скала ги преплаши уште повеќе жителите на овој град. Иако науката нема официјално објаснување, најверојатно се работи за природен феномен.

Сеизмологот Стивен Хикс истакнува дека врската помеѓу мистериозната светлина и земјотресот никогаш официјално не е докажана и дека најверојатно се работи за експлозија на генератори и системи за напојување.