fbpx

Димитров: Преговорите со Грција дефинитивно ќе почнат до крајот на годинава

-

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во интервју за „Дојче веле“ дадено при неговата посета на Германија, изразува силна увереност дека преговорите со Грција за спорот околу името, кои подолго време беа во застој, ќе продолжат до крајот на годинава.

– За време на посетата на грчкиот министер Никос Коѕиас, минатата среда во Скопје, ги дискутиравме мерките за градење доверба. Сè уште не ги почнавме преговорите. Тие ќе почнат дефинитивно пред крајот на годината. Јас го правам она што мислам дека треба да биде работа на дипломатите: решавање на проблеми, отворање врати и создавање пријатели. Можеби не можеме да ја смениме историјата, но сигурно можеме да се обидеме да влијаеме на иднината и да го направиме животот подобар за нашите граѓани денес. Тоа е нашата цел – вели Димитров.

Тој во интервјуто нагласува дека балканската рута на мигрантите мора да остане затворена.

– Мислам дека треба да направиме сè што е потребно за да остане затворенa, бидејќи сите ние, вклучувајќи ги и бегалците, имаме интерес за организирана помош и мораме да се бориме против илегалната миграција. Она што е навистина важно е ЕУ да продолжи да ја поддржува Турција во финансиска смисла, бидејќи имаат милиони бегалци во нивната земја. Еднакво важно е да продолжиме да ѝ помагаме на Грција и тоа на солидарен начин – единствениот начин на кој треба да се решава ова прашање – вели Димитров.

Прашан дали Македонија е подготвена да прими бегалци кои се во ЕУ, тој вели дека тоа би се случило дури откако земјата ќе стане членка на Унијата.

– Пред сè, во интерес на македонските граѓани е Македонија да влезе во ЕУ, а кога еднаш ќе бидеме дел од ЕУ, тогаш дефинитивно ќе бидеме подготвени да го делиме товарот со ЕУ. Но, пред тоа треба да влеземе во ЕУ, за да може да се даде одговор на ова прашање – вели шефот на македонската дипломатија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...