fbpx

Железничка несреќа во Индија

-

Најмалку 20 лица загинаа, а 100 се повредени откако два експресни воза синоќа делумно излетаа од шините над поплавениот мост над река во централниот дел на Индија, соопштија индиските власти.

Нуркачи, користејќи плински режачи, ги извлекле патниците што биле заробени во поплавените вагони и до утринава се спасени 300 лица. Десетина од спасените, веднаш се хоспитализирани и се во критична состојба.

– Ги проверуваме сите вагони и трагаме по заробените патници – соопшти владиниот портпарол, Анил Саксена.

Дванаесет вагони на возот „Камајани експрес“, кој сообраќа од Мумбаи до Варанаси, нешто пред полноќ, излегле од шините во близина на Хард, во централната сојузна држава Мадхија Падеш. Шест вагони на „Џаната експрес“ излегле од шините во речиси исто време, проценува министесртвото за железница.

Обилните монсунски дождови и циклони во последните денови предизвикаа поплави, одрони на земји и уривање на згради во Индија, при што загинаа повеќе од 100 лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

УНЕСКО ја додели наградата за слобода на медиумите на палестинските новинари

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...