fbpx

Милошоски повторно на мета во Грција

-

Поранешниот шеф на македонската дипломатија, Антонио Милошоски, повторно е трн во грчко око. Грчките медиуми и политичари го осудуваат Милошоски за нова провокација, овојпат поради неговиот говор пред дијаспората во Онтарио, покрај огромна географска карта на Македонија која се протега до Халкидики и до Олимп.

За новата активност на Милошоски се огласи одговорниот за надворешна политика на Нова демократија, Костас Тасулас, обвинувајќи го поранешниот шефот на дипломатијата за провокација против Грција. Тасулас апелираше за ова да реагира и владата на СИРИЗА и на Независни Грци и да не дозволи економската криза да влијае на откажување од грчките позиции за надворешнополитичките прашања. Според Тасулас, големата неизвесност што се создаде за иднината на Грција и нејзината позиција во ЕУ поради финансиската криза почнуваат да влијаат и на грчката надворешна политика.

„Покрај општото потценување на нашата држава на меѓународно ниво, последните месеци се зголемени значително провокациите од соседните држави, а владата на СИРИЗА и на Независни Грци не испраќа пораки дека економската криза не опфаќа никакви размислувања или расположенија за откажување од позициите за надворешната политика. Неодамнешен пример на таква провокација имаше во Онтарио, каде заменик-претседателот на Собранието во Скопје, Милошоски, зборуваше пред дијаспората, а зад него беше географска карта на „Голема Македонија“, која опфаќа грчки територии до Олимп“, се вели во реакцијата на Тасулас, која директно бара поостри ставови од грчката влада за ваквите случувања, кои се сметаат за напад и за провокација на грчките позиции.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...