fbpx

Жбогар: Има напредок, но треба да се работи на реализирање на итните реформи

-

Собраниската Комисијата за европски прашања денеска ја одржа својата прав седница, на која беше разговарано за унапредувањето на европската реформска агенда.

Претседателот на комисијата, Артан Груби, побара комисијата да усвои заклучок за Собранието да донесе декларација за забрзување на реформските и на интегративните процеси за зачленување на Република Македонија во Европската Унија. Ваквиот предлог беше едногласно прифатен од членовите на комисијата.

Тој истакна дека Комисијата за европски прашања ќе работи посветено и транспарентно, но и дека постојано ќе врши парламентарен надзор над работата на Владата, во делот кој се однесува на евроинтегративните процеси во земјата.

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, истакна дека Владата е подготвена во претстојните три месеци да ги направи потребните ЕУ-реформи, пред одржувањето на локалните избори наесен. Тој потсети дека е подготвена нацрт-верзија на акцискиот план, во кој се адресирани реформските приоритети.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар оцени дека е направен напредок по изборите и по формирањето на новата влада, но дека е потребно да се работи на реализирање на реформските приоритети, како и на забелешките од годишниот извештај за напредокот на земјата во 2016 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...