fbpx

Зготвената изладена храна да се чува во фрижидер, топлото време го зголемува ризикот од труења

-

Најавено зголемување на дневните температури ги зголемуваат ризиците од појава на
труење со храна. За да се спречи ова, неопходно е да се направи правилен избор на
храна при нејзина набавка и да се обезбеди соодветен транспорт и услови за чување, предупредуваат во Агенцијата за храна и ветеринарство. Како што оттаму додаваат, потребно е да се внимава на изгледот, рокот на употреба и соодветното чување, како и на тоа да се купува храна од проверени места каде има соодветни услови и каде
производите, посебно лесно расипливите од животинско потекло се чуваат во разладни уреди.

„Да се избегнува да се купува и консумира храна со оштетена амбалажа (нагмечена, надуена или напукната), разладените или замрзнатите производи да се купуваат на крајот од пазарењето, а лесно расипливата храна како што се месото, млекото јајцата и други да не се чуваат долго време во автомобилите и во други транспортни средства“, велат во Агенцијата.

Оттаму апелираат да се одбегнува купување на разладена или замрзната лесно расиплива храна која се чува надвор од ладилник или во замрзнувач. Разладената храна да се чува на температура пониска од 5 степени целзиусови, а храната која треба да се зготви термички да се обработи на темпeрaтура повисока од 60 степени Целзиусови. Овошјето и зеленчукот пред употреба темелно да се измијат под млаз вода, а месото, млекото и јајцата термички добро да се обработат.

По подготовката, изладена, храната да се чува во фрижидер. На најгорните полици да се чува зготвената храна, а на подолните суровата. Храната да се заштити од инсекти, глодари и од домашните миленичиња и другите животни кои може да дојдат во контакт
со неа.

Граѓаните кои јадат во угостителските објекти, да водат сметка дали операторите со
храна се грижат за хигиената и безбедноста на храната. Во објектите за брза храна да се одбегнува употреба на додатоци кои не стојат во ладилник како што се мајонез,
кечап, крем салати, сосови, преливи и слично. Доколку се процени дека храната не е безбедна, да не се ризикува, туку да се фрли.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...