fbpx

Боро Јакимовски е избран за нов декан на ФИНКИ

-

Професор д-р Боро Јакимовски од Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство, е избран за нов декан на оваа високообразовна институција. Досега, два мандати по ред на позицијата беше проф. д-р Иван Чорбев.

„Фокусот во мојата работа ќе биде најмногу на унапредување на условите на факултетот. Ќе работам на тоа да се обезбедат просторни услови, како што доликува на најголемиот факултет во државата со 5.000 студенти. Фокусот ќе биде и на позиционирање, поголема соработка и поголемо учество во меѓународни проекти“, вели за Мета проф. Јакимовски.

Новиот декан вели дека ќе се труди да ги задржи квалитетните студенти кои сакаат да останат во државата.

„Би ги вклучиле најдобрите студенти во наставата и ќе понудиме можност  за истите да останат тука. Или да отидат и да се вратат, бидејќи сите имаат желба да научат и искусат нешто ново. Работиме активно на вклучување на неколку меѓународни проекти, продлабочување на соработка со индустрија. Така ќе останат младите кај нас“, додава професорот.

Јакимовски 11 години е професор на ФИНКИ, а претходно бил асистент на ПМФ на Институтот по инфирматика.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...