fbpx

Земан: Челниците на ЕУ се неспособни, не умеат ни границите да ги заштитат

-

Претседателот на Чешка, Милош Земан, ги обвини челниците на Европската Унија дека се толку неспособни што не се во состојба да ја извршат и најосновната задача – заштита на границите на ЕУ.

Земан, исто така, категорично се спротивстави на тоа Чешка да прими макар и еден единствен бегалец според квотата затоа што тоа би било создавање на плодно тло за тероризмот да стигне и до Чешка.

– Тажен сум поради Брексит. Нема да ја префрлам вината на граѓаните на Велика Британија кои одлучиле слободно. Голем дел од вината лежи во сегашното раководство на ЕУ кое е неспособно, бирократизирано, предизвикува отуѓување од граѓаните, а не е во состојба да ја исполни ни основната задача, односно заштита на границите на ЕУ – рече Земан во божиќното обраќање до нацијата.

Тој истакна дека изминатата година, покрај Брексит, ја обележаа терористичките напади во Германија, Франција и во Белгија.

– Денес речиси никој не се сомнева дека постои врска меѓу миграцискиот бран и терористичките напади, Затоа сум против тоа во следните две години да сместиме 2.600 мигранти, доброволно, што е дел од задолжителните квоти – рече Земан.

Тој рече дека нема ништо против тоа да им се помага на бегалците, но тоа да се прави во нивните земји, како што е Сирија, и евентуално во соседството, односно во Турција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

САД изрече стотици нови санкции насочени кон Русија

Американското министерство за финансии вчера изрече стотици нови санкции насочени кон Русија поради војната во Украина, како и санкции за компании и поединци во  земји како Кина, Белгија и...