fbpx

Интернет-петиција против изградбата на хотел во Лагадин

-

Локалната самоуправа од Охрид нема намера да се откаже од изградбата на голем хотелски капацитет, на растојание помало од 50 метри од езерскиот брег, во населбата Лагадин.

Јавноста е збунета, особено затоа што токму овој објект е една од причините што може да ја прелее чашата и УНЕСКО, дефинитивно, да ги избрише градот и езерото од светската листа на природни вредности и реткости.

Досега жестоко реагираа еколозите, особено невладината „Охрид СОС“, која поведе и интернет-петиција. Досега ја потпишале околу 500 незадоволни граѓани, пред сè, жители на населбата.

„Ние знаеме дека петицијата нема правно дејство. Меѓутоа, имаме силна поддршка од жителите на населбата Лагадин, кои потврдија дека ќе поднесат поединечни тужби. Работата ќе ја тераме до крај, нè поддржува и пошироката јавност, нема да запреме пред опструкциите на властите“, велат од „Охрид СОС“.

Сепак, од локалната власт не се впуштаат во полемики, не одговараат на обвинувањата, а единствениот одговор е дека хотелот се гради во согласност со закон.

Покрај енормната близина до езерскиот брег, спорни се и димензиите на објектот, особено височината. Еколозите предупредуваат дека дозволена висина за градба на тој простор е 10,5 метри, а хотелот ќе биде висок шест ката, па уште неизграден го доби епитетот „Кинески ѕид“.

„Хотелот се наоѓа на растојание помало од 50 метри од водата на езерото, што е недозволен појас за тврди градби, појас заштитен со закон. За изградба на хотелот е донесено незаконско одобрение без согласност на Министерството за животна средина и на Министерството за транспорт и врски. Почнатата градба не исполнува и други услови во однос на писмена согласност од првите соседи чиј имот се узурпира. За изградба на хотелот не е реализирана консултација со јавноста, ниту има направено стратешка оцена за влијание врз животна средина“, стои во прогласот за петицијата на жителите на Лагадин.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...