вторник, 9 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: Лагадин | 19 резултати

Со перформанс „Мора мораториум“ се протестираше за заштита на Охридско Езеро

31 јули 2018

Со мирен протестен перформанс, кој тргна од Лагадин, и застанувајќи на неколку места, заврши пред зградата на Општина Охрид, денеска балерината Гарсиа Елена од театарот „Баљшој“ од Москва, Охрид SOS и здружението Стар Лагадин, поддржани од Go green – Биди зелен, Фронт 21/42 и Здружението за заштита на животните и животната средина Е.Д.Е.Н., заедно со […]

Екологистите бараат од владата мораториум за градење на брегот на Охридското Езеро

20 април 2018

Еколошките здруженија, „Фронт 21/42“, „ОхридSOS“ и „Еко-свест“ преку отворено писмо побараа од премиерот Зоран Заев итно воведување мораториум на сите крајбрежни и и урбани трансформации во Охридскиот регион, според препораките на УНЕСКО. Во дописот, здруженијата укажуваат на активности на терен кои веќе значат непочитување на препораката од УНЕСКО – како продолжување на изградбата на спорниот […]

Граѓани утре ќе протестираат против спорниот хотел во Лагадин

3 август 2017

Со почеток точно напладне, утре пред градилиштето на спорниот хотел во охридската населба Лагадин и во непосредна близина на планираната локација за Медитеранска плажа, група граѓани ќе одржат протест за одбрана на Лагадин и на охридското крајбрежје од понатамошна урбанизација и девастација. И покрај тоа што повод за овој мирен протест е изградбата на спорниот […]

Од утре експертска група на УНЕСКО во инспекција на Охрид

9 април 2017

Од поодамна најавената експертска група на УНЕСКО утре конечно, доаѓа во контрола на Охрид. Странските експерти ќе извршат увид на одредени проекти кои се во тек на реализација, или се планирани да се реализираат во наредниот период во Охрид. Од националната канцеларија на УНЕСКО информираа  дека посетата, која требаше да се реализира во февруари годинава, […]

„Охрид СОС“ повторно бара Општина Охрид да го поништи одобрението за градба во Лагадин

15 март 2017

Активисти на граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ велат дека се згрозени од последните изјави на Општина Охрид, во врска со одобрението за градба на хотел во Лагадин. „Општина Охрид упорно го продолжува своето безочно противзаконско дејствување, но не можеме да кажеме дека очекувавме да постапат законски имајќи го предвид импресивниот обем на прекршени закони и подзаконски […]

Општина Охрид не се откажува од контроверзниот хотел во Лагадин

9 март 2017

Постапката за издавање одобрение за градење хотелски комплекс во Лагадин се води според законски пропишана процедура, се вели во реакцијата на Општина Охрид на соопштението од „Охрид СОС“ во кое невладината организација известува дека Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам бара од Општина Охрид да го поништи незаконски издаденото одобрение за градба. „Уште еднаш повторуваме дека […]

ДИГУ бара општина Охрид да го поништи одобрението за градба на хотел во Лагадин

9 март 2017

Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам (ДИГУ) до граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ доставил известување во кое се наведува дека бара од Општина Охрид да го поништи незаконски издаденото одобрение за градба на хотел во Лагадин. „Во меѓувреме, известување стигна и од Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) во кое се вели дека Општината го усвоила […]

Завод и музеј Охрид не се надлежни за издавањето одобрение за хотелот во Лагадин

28 декември 2016

Од охридската локална самоуправа сметаат дека нема ништо спорно во изградбата на хотелот на Лагадин, а од Завод и музеј Охрид се произнесоа дека немаат надлежност околу издавањето одобрение за градба на хотелот во Лагадин. – НУ Завод и Музеј од Охрид нема надлежност да изработи заштитно-конзерваторски основи за општ акт за село Лагадин ниту, пак, […]

Нема ништо спорно во изградбата на хотелот кај Лагадин, тврдат од Општина Охрид

27 декември 2016

Нема ништо спорно во одобрението за изградба на хотел кај Лагадин, се огласи денеска со прес-конференција локалната самоуправа во Охрид. Лилјана Јоноска од секторот за урбанизам, давајќи комплетен хронолошки приказ за целосната постапка за издавање одобрение, рече дека одлуката е донесена на Совет на Општина Охрид на 14 октомври 2015 година, по што е добиена […]

Интернет-петиција против изградбата на хотел во Лагадин

26 декември 2016

Локалната самоуправа од Охрид нема намера да се откаже од изградбата на голем хотелски капацитет, на растојание помало од 50 метри од езерскиот брег, во населбата Лагадин. Јавноста е збунета, особено затоа што токму овој објект е една од причините што може да ја прелее чашата и УНЕСКО, дефинитивно, да ги избрише градот и езерото […]

Охрид може да се најде на листата на загрозено светско наследство на УНЕСКО

26 декември 2016

УНЕСКО ѝ даде рок на Македонија до 1 февруари 2017 година да достави извештај за статусот на конзервација и за чекорите преземени за спроведување на препораките и во случај на потврдување на утврдената или потенцијална опасност за природните и за културните добра на Охридскиот Регион. Охридскиот Регион би можел да се најде на листата на светско […]

Арсова: Урбаната мафија ќе гради хотел во заштитениот зелен појас во Лагадин

23 декември 2016

Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ и познатата алпинистка и активистка за заштита на природните богатства, Илина Арсова, предупредуваат дека во охридската населба Лагадин ќе се гради хотел во заштитениот зелен појас. – И покрај приговорот што жителите на Лагадин го потпишаа со 99-процентно учество, противејќи се на урбанизацијата на крајбрежјето и на непланското менување на деталниот урбанистички […]

Емоционален апел на алпинистката Илина Арсова за спас на Лагадин

4 февруари 2016

Познатата алпинистка, охриѓанката Илина Арсова, која во мај 2013 година го искачи врвот Монт Еверест на висина од 8.848 метри, во писмо до јавноста вели дека на Лагадин не му треба медитеранска плажа затоа што теренот не располага со плажно крајбрежје. „На потегот кај Лагадин, езерото е во тесна врска со планината и со националниот […]

„Охрид СОС“: Општина Охрид перфидно го турка проектот „Медитеранска плажа во Лагадин“

31 јануари 2016

Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“, преку писмо до медиумите, ја обвини Општина Охрид дека перфидно и расцепкано го турка проектот „Медитеранска плажа во Лагадин“, замаскиран како поставување урбана опрема на овој дел на Охридско Езеро. – Станува збор за фрапантно и отворено незаконско однесување од страна на државните институции и покрај официјалниот приговор против градење медитеранска […]

Жителите на Лагадин не сакаат агресивно менување на линијата на езерото

7 мај 2015

Жителите од населбата Лагадин со приговор реагираат на мегаломанските идеи за агресивно менување на линијата на Охридско Езеро. До надлежните органи и до ресорни министерства испратија приговор за зачувување, како што велат, на мирот, спокојот и на природата во населба Лагадин и крајбрежјето на потегот Лагадин – Пештани. Приговорот е потпишан од околу двесте лица, […]

Страна 1 од 1