fbpx

Зеленски: Путин ќе ја искористи заканата од нуклеарна војна за да ја разгори нестабилноста во САД и во Европа

Тој чека САД да станат помалку стабилни, а мисли дека тоа ќе се случи за време на изборите во САД. Ќе бара нестабилност во Европа и Соединетите Американски Држави и ќе го искористи ризикот од користење нуклеарно оружје. Тој ќе продолжи да се заканува“, изјави Зеленски за Си-би-ес њус

-

Украинците ги штитат вредностите на целиот свет во својата борба против Русија, плаќајќи ја највисоката цена – животот на луѓето.

Ова го изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во интервју за Си-би-ес њус (CBS News), пренесува Укринформ.

„Ние навистина се бориме за нашата слобода, умираме. Ние не сме фикција, ние не сме книга. Ние се бориме навистина со нуклеарна држава која се заканува да го уништи светот“, рече тој.

Според него, Путин ќе ја искористи заканата од нуклеарна војна за да ја разгори нестабилноста во САД и во Европа.

„Тој чека САД да станат помалку стабилни, а мисли дека тоа ќе се случи за време на изборите во САД. Ќе бара нестабилност во Европа и Соединетите Американски Држави и ќе го искористи ризикот од користење нуклеарно оружје. Тој ќе продолжи да се заканува“, изјави Зеленски.

Укринформ претходно објави дека контраразузнавањето на СБУ и останатите украинските одбранбени сили спроведуваат големи инспекции на радијационата безбедност низ цела Украина, поради постојаните закани искажани од Кремљ во врска со употребата на таканаречената „валкана“ бомба.

Укринформ пренесува и дека руската армија ноќеска ги нападнала јужните региони на Украина со неколку бранови јуришни беспилотни летала, а забележан бил и удар на рекреативната инфраструктура на општината Вилково.

„Силите за воздушна одбрана соборија 18 беспилотни летала од типот Шахед-136/131 во нашата област на одговорност: 11-над регионот Одеса, пет-над регионот Миколаев и две-над регионот Кропивницки“, се вели во пораката на Телеграм на одбранбените сили на југот на Украина.

Како резултат на борбените операции, остатоците од собореното беспилотно летало предизвикале пожар во двокатна зграда која не била во употреба во општината Снихуривка во регионот на Миколаев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

САД изрече стотици нови санкции насочени кон Русија

Американското министерство за финансии вчера изрече стотици нови санкции насочени кон Русија поради војната во Украина, како и санкции за компании и поединци во  земји како Кина, Белгија и...