fbpx

„ПРО-ЗА Балкан“: Литературата е последната надеж за воскреснување на човекот

Седум врвни писатели од Балканот синоќа во Даут—пашиниот амам во Скопје беа претставени пред македонската публика на отворањето на 11. Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ во Скопје

-

Седум врвни писатели од Балканот синоќа во Даут Пашин Амам во Скопје беа претставени пред македонската публика на отворањето на 11. Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ во Скопје.

На гостите на фестивалот добредојде им посакаа идејните творци на фестивалот – Дејан Трајкоски, Александар Прокопиев и Ермис Лафазановски.

Со писателот и сценарист Тарик Туфан, кој беше гостин на „Про-за Балкан“ во 2019 година, Прокопиев разговараше за магијата што ја создаваат писателите, за Истанбул како инспирација и воопшто, за врската меѓу градот и писателот.

„Духот на сите нас вечерва се спои тука преку литературата. Трагаме по духот на зборовите бидејќи се обидуваме да ги извадиме на површина нашите скриени чувства. Преку раскажување на приказните сакаме на луѓето да им покажеме дека сме тука, дека сме присутни. Сега сме на прагот на еден нов светски поредок, на едно ново човештво кое варварски го напаѓа нашиот дух. Последната надеж за воскреснување на човекот е литературата“, рече Туфан.

Драго Јанчар / Фото: ПРО-ЗА Балкан

Драго Јанчар, годинашниот лауреат на наградата „Прозарт“ на фестивалот, осврнувајќи се на своите дела кои се преведени кај нас, рече: „Иако кај мене не оди без темни, опасни и парадоксални ситуации, и иако многу мои дела се поврзани со војна и насилство, низ нив се проткајува некаков вид оптимизам, некаква волја за живот. Кога на словенечкиот писател Иван Цанкар му префрлувале зошто пишува толку темно, рекол ‘сликам темно, моите очи што повеќе да копнеат по светлост’.И така е некако и во мојата литература“.

Денеска на програмата на фестивалот се неколку настани. Во 13.30 часот гостите на програмата „Скопје фелоушип“ ќе се сретнат со претставници на Македонската асоцијација на издавачи.

Вечерва, пак, од 20 часот, во Europe House Скопје ќе се одржи тркалезна маса на тема „Литературата како (де)конструкција на стварноста“.

Програмата „Скопје фелоушип“ оваа година е дел од меѓународниот проект „Читај, сподели, уживај“, се реализира во соработка со КУД Содобност од Словенија а ко-финансиранa е од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...