fbpx
Таг: писатели

таг: писатели

Руските интелектуалци на Франкфуртскиот саем на книгата – Путин мора да ја изгуби војната

Руските интелектуалци кои се во егзил не се оптимисти дека во Русија под водство на претседателот Владимир Путин ќе има промени на подобро. Германските официјални лица истовремено нагласуваат дека постои и онаа „поинаква“ Русија која треба да се слушне, пишува германската новинска агенција ДПА.  „Нема друга опција освен Русија да ја изгуби војната против Украина. Ако тоа не се случи,...

Тркалезна маса со писателите на „ПРО-ЗА Балкан“ за пишувањето во сегашноста

Какво е влијанието на литературата врз стварноста и колку таа влијае врз создавањето книжевни дела? Од филозофија до метафизика и назад во реалноста... Вчера одговор на овие прашања се обидоа да дадат седум врвни писатели од регионот, гости на 11. Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ што се одржува во Скопје. Тие учествуваа на тркалезната маса на тема „Литературата како...

„ПРО-ЗА Балкан“: Литературата е последната надеж за воскреснување на човекот

Седум врвни писатели од Балканот синоќа во Даут Пашин Амам во Скопје беа претставени пред македонската публика на отворањето на 11. Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ во Скопје. На гостите на фестивалот добредојде им посакаа идејните творци на фестивалот – Дејан Трајкоски, Александар Прокопиев и Ермис Лафазановски. Со писателот и сценарист Тарик Туфан, кој беше гостин на „Про-за Балкан“ во 2019...

Каракаш: Имаме сè помалку добри читатели заради образовниот систем

Kнижевноста е оаза која треба да ја зачува уметноста од политиката. Секако дека разликувам политички ангажман на писателите и на секој создател, но да не се дозволи литературата да се претвори во едно поле на слобода на политиката. Некако не сум уверен дека постои онаа генерална слобода, за неа страшно мораме да се бориме секој ден, но работата на...

Објавена книгата „Низ лавиринтите на книжевното писмо“ со трудови за истакнатите македонски писатели

Објавена е книгата „Низ лавиринтите на книжевното писмо“, со книжевни студии од македонскиот писател Ранко Младеноски. „Низ лавиринтите на книжевното писмо“ содржи анализи и интерпретации на семиотичките лавиринти на книжевно-уметнички дела на автори од современата македонска книжевност, две компаративни студии и два осврта за книги на странски автори. Тоа се анализи, толкувања и осврти на книжевни дела кои оставиле значајни...

„Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски е кандидат за Наградата за литература на ЕУ

Владимир Јанковски со својот невообичаен роман полн со пресврти, „Скриени желби, немирни патувања“ во издание на „Антолог“ е македонскиот кандидат за овогодинешниот избор на Наградата за литература на Европската Унија. Тој влегува во селекција заедно со уште тринаесет други претставници од различни европски земји. „Скриени желби, немирни патувања“ е мозаичен роман во кој врз основната приказна за четири ликови се...

Распишан конкурсот за наградата „Роман на годината“ 2021

Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распишува годинешниот конкурс за наградата „Роман на годината“ кој започнува денес, 15 декември и ќе трае до 15 јануари 2022 година. Право на учество има секој автор чиј роман бил за првпат објавен на македонски јазик во 2021 година. За учествување сите кандидатите се обврзани да достават по пет...

Книжевниот фестивал „Букстар“ ќе се одржи од 12 до 15 октомври под слоганот „Genresis“

Седмото издание на Фестивалот на европската литература „Букстар“ ќе се одржи од 12 до 15 октомври во Скопје, под слоганот „Genresis“, во организација на издавачката куќа „Антолог“. Оваа година, пред книжевната публика ќе бидат претставени девет автори. Прва е Катарина Винклер од Австрија, која ќе се престави со својот роман „Модар накит“, а потоа следи еден од најпродуктивните и најквалитетните...

Прво организирано претставување на ромски писатели на Саемот на книгата во Франкфурт

Годинашното издание на Саемот на книгата во Франкфурт, веројатно најзначајната манифестација од овој вид во светот, ќе биде одбележан со огромна новост: на големиот штанд „Gipsy Pavilion“ ќе се случи првото организирано претставување на писатели Роми. Организатор е Меѓународната унија на писатели Роми (International Roma Writers Union - IRWA), која во халата 5, во текот на одржувањето на саемот, од...

Писателите со проглас бараат поништување на „вулгарната политизација“ во издаваштвото

Уривањето на писателското достоинство и деградирањето на книжевните вредности од страна на државата ја доживea својата највисока точка, порача 56 македонски писатели  во својот Проглас за заштита на достоинството на македонски писaтели и на македонската книжевност, со кој остро реагираат на годинашната програма за издавачка дејност на Министерството за култура. Оваа програма, која треба да го изразува националниот интерес, според писателите,...

Македонскиот автор Шипинкаровски награден на фестивал во Хрватска

Македонскиот автор Петко Шипинкаровски ја доби главната меѓународна награда на фестивалот „Денови на пријателите на книгата“, кој денеска заврши во Ријека, Хрватска. Наградата, во Градското собрание на Ријека, му беше врачена за придонесот во културата и за меѓународната соработка, додека за творештвото на Шипинкаровски говореше Васил Тоциновски. Примајќи ја наградата „Книжевно перо“ на Хрватското книжевно друштво од Ријека, Шипинкаровски истакна дека соработката...

Акција „Подари книга“ за најмладите во општина Пустец

Градинката „Јасна Ристеска“ од Охрид ја спроведува акцијата „Подари книга“ за најмладите во општина Пустец од денеска до 9 ноември. Поканата за приклучување кон оваа акција е отворена за сите граѓани, а посебно се испраќа до сите писатели и творци од Охридско и од Струшко, издавачки куќи, книжарници, библиотеки и до сите љубители на пишаниот збор. Организаторот повика на помасовно вклучување кон оваа...

Друштво на писатели на поетски караван во Радовиш

Поетскиот караван на Друштвото на писателите на Македонија продолжува во Радовиш, на традиционалната поетска манифестација „Караманови средби“, која годинава се одржува по 41. пат. Во знак на чествување на македонскиот поет и револуционер Ацо Караманов, в сабота (15 ноември), во Домот на културата во Радовиш, истакнати македонски поети од повеќе генерации ќе одржат пригодна манифестација. Љубителите на поетскиот збор на...

Македонски писатели се вратија со награди од Риека

Со меѓународни награди и со признанија од Меѓународниот книжевен фестивал „Денови на пријателите на книгата“ што се одржа во Риека, Хрватска, се вратија македонските поети Петко Шипинкаровски, Марина Мијаковска и Мерсиха Исмајлоска. Фестивалот се одржа од 6 до 9 ноември. На Шипинкаровски, Мијаковска и на Исмајлоска им беа доделени и дипломи за учество на фестивалот, а здружението „Бран“ доби диплома...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...