Поради недоволно пријавени кандидати за лични асистенти на претходниот повик, Општина Центар го продолжува рокот за пријавување на јавниот повик за ангажирање лични асистенти за потребите на ученици со посебни образовни потреби вклучени во образовниот процес во основните училишта на територија на Општина Центар.
Од Општина Центар информираат дека заинтересираните кандидати кои сакаат да бидат ангажирани треба да ги исполнуваат следните услови:
-минимум завршено средно образование;
-претходно искуство во работа со деца со посебни образовни потреби;
-долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над пет години);
-млади лица до 29 години;
-лица постари од 50 години;
-самохрани родители;
-родители на деца со попреченост.
Општина Центар напоменува дека предност ќе имаат кандидатите кои имаат завршено високо образование, се дипломирани наставници по предметна/одделенска настава, дипломирани психолози, педагози, дефектолози или социјални работници и кои имаат искуство во работа како лични/образовни асистенти во претходните циклуси на проекти.
„Заинтересираните лица што ќе бидат вклучени во проектот „Образование за сите“ ќе бидат работно ангажирани како лични асистенти на ученици со посебни образовни потреби, вклучени во образовниот процес во основните училишта на територија на Општина Центар-Скопје, во учебната 2023/2024 година. Тие ќе имаат скратено работно време од дваесет работни часа неделно, во период од девет месеци, почнувајќи од 1 октомври 2023 година до крајот на учебната 2023/2024 година“, велат од Општина Центар.
За кандидатите што ќе бидат избрани и вклучени во проектот „Образование за сите“ се предвидува паричен надоместок во висина од 12.000 денари (нето-износ), со вклучен данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување предизвикано од повреда на работа и професионална болест.
Јавниот повик е достапен на веб-страницата на Општина Центар-Скопје на овој линк.