Здружението „Млад знак“ креираше видеа за деца со оштетен слух

Младинското здружение на глуви и наглуви „Млад знак“ креираше над 200 видеа со знаци наменети за децата со оштетен слух. Нивна цел е преку кратки видеа да ги поттикнат родителите на децата со оштетување на слухот да го научат знаковниот јазик.

„Овие видеа се изработени со многу љубов за време на карантин“ – велат од „Млад Знак“.

Сите оние кои сакаат преку овие видеа да ги научат основите, може да ги исконтактираат на мејл адресата mzgn2019@gmail.com или преку нивната Фејсбук страница.

ОТКРИЈТЕ ГО СВЕТОТ НА ЗНАКОВНИОТ ЈАЗИКТимот на #младзнак изработи видеа со над 200 знаци наменети за децата со оштетен слух. Доколку сакате да го откриете светот на знаковниот јазик заедно со вашите најмили може да не контактирате на маил: mzgn2019@gmail.com или во inbox на оваа страница. 😊❗️Напомена: поради вонредната ситуација, не бевме во можност да изработиме видеа со висок квалитет. Овие видеа се изработени со многу љубов за време на карантин. ❤️🤟#откријтегосветотназнаковниотјазик #младзнак #македонскизнаковенјазик #signlanguage #deafchildren

Gepostet von Младинско здружение на глуви и наглуви МЛАД ЗНАК am Montag, 25. Mai 2020